Free songs
Home / нови лекови / Охриѓанец – измислил очила што ги откриваат клетките на тумурот ВИДЕО

Охриѓанец – измислил очила што ги откриваат клетките на тумурот ВИДЕО

Прецизно отстранување само на заболените клетки од тумур и запазување на здравото ткиво овозможуваат специјалните очила, пронајдок на охриѓанецот Виктор Груев, доктор на науки и професор на Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД.

hgvkgfjghcgСвоето откритие Груев го презентираше пред студентите и заинтересираните граѓани во Универзитет „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде одржа предавање на тема:„Инспирација од природата за сензори (применливи) во хирургијата“.

Идејата за овој изум, според него, почнала пред две години додека работел на проект во кој ги анализирале очите на различни видови животни.

– Така дојдовме до сознание дека многу животни гледаат многу поразлично од нас. Гледаат многу повеќе бои и имаат многу подруги сетила, а сето тоа го применивме во создавање очила со сензори, чиј дизајн е заснован врз визуелни системи на животни и нивната примена во неврологијата и онкологијата, рече Груев.

Првиот сензор, појасни, бил дизајниран врз основа на визуелниот систем на раковите Мантис, а вториот на пеперутките Монарх.

Gruev_Viktor-300x300– Видот на морското ракче и на пеперутката се разликува од човечкиот кој распознава три основни бои. За разлика од него, видот на овие живи суштества е многу покомплексен. Тие имаат сложени очи со нано ќелии и исклучитено чувствителни сензори за вид кои распознаваат шеснаесет различни спектри на бои, од сина до инфрацрвена, односно гледаат неколку милиони бои повеќе од нас, нагласи Груев.

Врз основа на тоа сознание тој пројавил интерес за функционирањето на тој визуелен систем, бидејќи, додаде, во други сфери како што е медицината да имаш камера со која можат да се видат други бои или дополнителни информации од светлината се клучни за дијагноза.

– Така почнавме со проектот како да се направи камера која на еден начин ќе изврши симулација на визуелниот систем на овие животни. Притоа размислував како да го примениме тоа во самата медицина. Соработував со хирурзи од различни области и осознавав за проблемите со кои се соочуваат. Еден од најголемите проблеми при операција на карцином е отстранувањето на сите заболени клетки без отстранување на здраво ткиво. Оваа техногија која е многу чувствителна треба да овозможи да се пронајдат клетките на канцерот и прецизно да се отстранат, без да се загрозат виталните органи и нервите, истакна професорот Груев.

Неговите очила претставуваат спој на технологијата за вид на пеперутките и очила за видео игри. Сензорите на очилата на кои работи охриѓанецот Груев можат да извршат детекција на различни видови бои, како и на поларизација на светлината.

– Спојот го направивме на мошне елегантен начин. Хирургот доволно е само да ги стави овие очила и да влезе во операционата сала, не зафаќаат многу место, а ефектот од нивното користење е голем, вели Груев.

Проектот, додаде тој, е во развој, а интерес пројавиле многу фондации од областа на медицината во САД и Европа, но и Кина и други држави. Потребно е да помине одредени процедури и ригорозни контроли на специјалните здравствени комисии.

Груев вети дека ќе продолжат со развивање на технологијата за нејзино проширување во други земји, меѓу кои и во Македонија.

ВИДЕО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК:

http://www.dailymail.co.uk/sciencetech/article-2556989/The-smartglasses-helping-surgeons-cancer-making-tumours-GLOW.html#v-3187391577001

 

aptekar.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top