Free songs
Home / аларм / Од оваа навика може да добиете рак на јајници

Од оваа навика може да добиете рак на јајници

Ризикот од појава на рак на јајниците се зголемува за речиси една четвртина доколку користите пудра за тело, порачуваат научниците. Во новото американско истражување, се изнесува фактот дека 40% од жените секојдневно користат пудра за тело како дел од личната хигиена. Но, научниците предупредуваат дека честичките од пудрата можат да патуваат низ женското тело.

rak-na-jajniciВо најновата студија, докторите од Brigham and Women’s Hospital во Бостон, САД, користеле податоци на осум посебни студии и се обидувале да дојдат до дефинитивен одговор.

Истражувачите анализирале податоци од 8.525 жени со дијагностициран рак на јајниците кои користеле пудра за тело во споредба со 9.800 жени кои не добиле рак.

Резултатите, објавени во магазинот Cancer Research Prevention укажуваат дека редовната употреба на честичките прав по туширање, го зголемуваат ризикот од тумор на јајниците за 24%.

Тивкиот убиец

Ракот на јајниците се нарекува вака од причина што кај многу заболени, симптомите се јавуваат дури во напредна фаза од болеста. Истражувачите нагласуваат дека резултатите се однесуваат само на пудра која се користи во подрачјето на гениталиите, а не на остатокот од телото.

Зошто пудрата е штетна?

Пудрата за тело се прави од мекиот минерал магнезиум, познат како хидро силикат. Тој се ситни, суши и меле и се прави прав кој се користи во козметичките производи.

Некои стручњаци велат дека дели хемиски сличности со азбестот, што може да предизвика и рак на белите дробови. Ситните честички можат да патуваат преку гениталиите, а во телото можат да останат со години. На пример, се проценува дека една честичка пудра, во белите дробови може да остане осум години.

Кајгана.ком

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top