Free songs
Home / нови лекови / Нова метода за интервенција на клиниката за неврохирургија

Нова метода за интервенција на клиниката за неврохирургија

55-годишен пациент со вродена аномалија на крвните садови на мозокот вчера е успешно опериран  на клиниката за неврохирургија. Интервенцијата е извршена по новата метода  ендоваскуларна хирургија, која  на клиниката се изведува по втор пат, со помош на специјалисти од Словенија.

simptomi-mozocen-udar-23„Досега при решавање на аномалиите на крвните садови на мозокот сме оделе со класичен пристап со отварање на черепот. Сега не се отвара черепот туку преку крвните садови се доаѓа до мозочните артерии и до аномалиите на мозокот каде се решава ендоваскуларно, без отварање на черепот, рече директорот на неврохирургија Александар Чапаровски.

Воведувањето на оваа процедура во иднина ќе го олесни третманот на лица со мозочен удар и ќе ја намали смртноста во Македонија.

Ендоваскуларната хирургија е една од 100-те нови методи кои Министерството за здравство ги воведува во јавните уставнови, кои имаат за цел да го подигнат квалитетот на здравствените услуги и да го намалат бројот на пациенти кои се лекуваат во странство.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top