Free songs
Home / нови лекови / Нов метод за рано откривање сепса?

Нов метод за рано откривање сепса?

Сепсата не е болест на минатото. Овој вид на труење на крвта е многу чест во развиената западна Европа, а во сиромашните земји е најчеста. Во Германија годишно 60.000 луѓе умираат од труење на крвта. Многумина меѓу нив умираат од сепса која неретко ја заработуваат токму поради хируршките зафати  во болниците. Кога сепсата ќе се утврди, шансите се сведени на 50 отсто.

Половина од заболените умираат, а главна причина е тоа што сепсата доцна се дијагностицира, па третманот речиси е невозможен. Но, новиот метод кој подразбира употреба на наночестички од оксидирано железо е многу поефикасен.

sepsa-Со помош на магнетите ги движиме честичките низ крвта неколку минути. На тој начин можеме да ги пронајдеме и да ги изолираме бактериите и вирусите – истакнува д-р Дирк Кулмајер од инситутот за имунологија.

Околу 30 видови бактерии и седум видови габички кои предизвикуваат сепса не се природно намагнетизирани, но постои начин да се привлечат. Инаку, честичките на железото се обложуваат со тенок слој на пластика и потоа со таканаречен функционален слој. Тоа можат да бидат антитела кои врзуваат одредени бактерии, меѓу кои и опасната стафилокока и другите патогени кои можат да предизвикаат сепса.

Така поврзаните, заедно со честичките на железото, бактериите се спроведуваат до една пластична карта, со големина на обична кредитна картичка. Оваа специјална карта има 12 комори кои се поврзани со минијатурни канали. Во коморите бактериите се раствораат, а потоа нивната ДНК се размножува со посебна постапка.

– На честичките ги копираме ДНК на бактериите, вирусите или габичките, и тоа само оние секвенци кои се специфични за овие патогени. Конечно, врз основа на тие копии може многу да се дознае. Всушност, можеме да ја анализираме целата бактерија- истакнува Кулмајер.

На тој начин е можно многу рано да се открие сепсата. Постарите методи ја откриваат болеста дури после два дена, кога бактериите ќе се размножат, а тоа честопати е предоцна. Системот со магнетите овозможува од примерокот на крвта, генетскиот код да се копира за околу половина час. Се се завршува во последната комора на чипот.

Во оваа, последна комора поставени се различни таканаречени „фаќачи“ кои се специфични за секој вид патогени тела кои можат да предизвикаат сепса.

Plus Info

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top