stoenje i rabotaДали би можеле наместо да седите , 3 часа од работното време да ги поминете во стоење, па дури и доколку вашата работа е поврзана само со компјутерот. Обидете се, бидејќи ова е сигурен а лесен начин да изгубите колем дел од вишокот калории и да го доведете телото во подобра физичка состојба.

Најновото научно истражувањ епокажало дека голем број луѓе би биле повитки ако сменат само една навика – наместо да седат на работа, да стојат. Со три часа стоење дневно, се губат 50 калории. Пресметајте колку изгубени калории се тоа за една година.

Американски експерти кои заклучиле дека повеќето вработени луѓе поминуваат до 12 часа седнати пред компјутерите, спровеле едноставно истражување.  Побарале од група вработени кои најмалку 8 часа седат на работа, 3 часа да работат стоејќи. Резултатите биле фрапирачки – луѓето се чувствувале многу подобро,поенергично, изгубиле неколку килограми а срцето им чукало побргу.

Не е тешко, обидете се, можеби и вие ќе се почувствувате подобро.

Kanal 5