Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / аларм / Не постои вакцина, ниту лек – од обичен грип до крварење од очите и ушите

Не постои вакцина, ниту лек – од обичен грип до крварење од очите и ушите

Не постои вакцина, ниту лек – Болеста е тешко да се открие во раната фаза, бидејќи симптомите како замор, треска или нагони за повраќање потсетуваат на грип или маларија. Дерек Гадерер, експерт кој се бави со генетиката на овој вирус, објаснил дека еболата се менува со огромна брзина, па дури и кога би се направила вакцина, истата нема да има ефект по неколку години.

ebolaaСе претпоставува дека природни домаќини на еболата се лилјаците. Кај луѓето, еболата предизвикува треска, висока температура во комбинација со внатрешно крвавење. Сето тоа на крајот доведува до откажување на органите.

Самата ебола е премногу заразна, а околу 90 проценти од заразените умираат како последица на болеста. Еболата се пренесува преку контакт со телесни течности или допир на објекти кои се загадени од истите телесни течности од заразените.

Либериската влада нареди да се затворат училиштата со цел да се запре ширењето на смртносниот вирус ебола. Некои заедници во земјата ќе бидат ставени во услови на целосен карантин

Заразеното лице нагло почнува да слабее. Повраќа и добива неконтролирана дијареа. Неколку дена подоцна, преоптерените бубрези и џигерот рапидно откажуваат. Во страшни болки луѓето паѓаат во бунило.

Еболата дури тогаш го покажува своето лице. Јаде одвнатре. Почнува најстрашната фаза на болеста – заболените крварат од секој отвор на телото.

Повраќаат крв, им тече од очите, носот… Утробата почнува да се гуши во крв, лицето паѓа во кома и умира од симултано откажување на повеќе органи.

Еболата почнува да убива притаено. Периодот на инкубација е од два до 21 ден! Во светот во кој авион за тоа време може да ја помине целата планета, тоа е опасност за која веќе на големо реагираше Велика Британија.

ebola-graphic

вирусот на ебола толку брзо се менува и прашање е дали вакцина произведена денеска би била ефикасна и за неколку години. Досега научниците пронашле пет видови вируси на ебола. Бидејќи е исклучително смртоносен, вирусот е можно да се проучува само во заштитени услови што го ограничува бројот на експериментите.

– Само во неколку лаборатории во светот може да се работи со вирусот на ебола. Освен тоа, од луѓето кои биле заразени со ебола, многу малку преживеале, па е тешко да се проучи кои биолошки фактори им помогнале да го победат вирусот, појасни Гадерер.

Симптомите се температура, болки во мускулите, главоболки, дијареа, и во некои случаи крварење.

Вирусот на ебола ги напаѓа имунолошките клетки и буквално предизвикува нивно заразување поради што пукаат крвните садови и расте крвниот притисок, а тоа доведува до затајување на органите.

Еболата првпат се појави во 1976 година во Конго и Судан. Потеклото на вирусот не е познато, но се претпоставува дека се тргнало од лијлаците. Од животните еболата преминала и на луѓето, а од човек на човек се пренесува со телесни течности (крв, плунка…).

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top