Free songs
Home / аларм / Не одмрзнувајте храна на собна температура – ризикувате зараза и труење

Не одмрзнувајте храна на собна температура – ризикувате зараза и труење

Од Светската здравствена организација апелираат да внимаваме како ја обработуваме храната и укажуваат на присуство на опасни микроорганизми во мразот и водата.

Треба да се запрашаме колку нашиот начин на исхрана, всушност, е погрешен? Многу навики кои ни се чинат сосема нормални, всушност се многу штетни за нашето здравје.MESO

Глобализацијата во производството и пласман на храна отвори нови патишта за нејзина контаминација со бактерии, вируси, паразити и хемикалии.

Се` потешко е да се утврди потеклото на болестите поврзани со намирници од различни земји, наведува Светската здравствена организација и повикува на координирана соработка поради безбедно снабдување на крајниот потрошувач.

Со контаминирана храна и вода во организмот влегуваат штетни бактерии, вируси, паразити или штетни хемиски соединенија, предизвикувајќи разни болести, обично инфективни или токсични по својата природа.

Патогените микроорганизми во храната можат да предизвикаат повеќе од 200 различни болести, меѓу кои и тешки облици на дијареа или инфекции опасни по живот како на пример менингитис.

Болестите проследени со дијареа, предизвикани од загадена храна или вода, годишно усмртуваат околу два милиони луѓе, вклучувајќи и голем број деца. Хемиските загадувачи можат да предизвикаат акутни труења, а нивната долготрајна конзумација може да доведе до канцерогани заболувања.meso

Поради конзумирање на загадена храна, се проценува дека во светот во 2010 година умреле 351.000 луѓе, а се разболеле 582.000.000 при што повеќе од 40% од болните биле деца помлади од 5 години. Најмногу смртни случаи предизвикало труење со салмонела, а најмногу биле погодени африканските земји и југоисточна Азија.

Поради спречување на пренос на микроорганизми, кои се предизвикувачи на расни болести, а можат да се најдат во почвата, водата, животните и луѓето, многу е важно да се одржува хигиена на рацете, храната и приборот со кој се ракува при обработка на намирниците.meso

Готвената храна треба да се одвои од суровата, затоа што суровата храна, особено месото, пилешкото и морските плодови, може да содржат микроорганизми кои за време на термичката обработка може да се пренесат на другата храна.

Храната треба добро термички да се обработи, особено меленото месо, живината и печењето, а се покажало дека обработка веќе на 70 степени Целзиусови допринесува за нејзината безбедност.

Со оглед на тоа што микроорганизмите можат многу брзо да се размножуваат, готвената или печена храна не треба да се остава подолго од два часа надвор од фрижидер, а се препорачува и смрзнатата храна да не се одмрзнува на собна температура, затоа што водата и мразот можат да бидат загадени со опасни микроорганизми и хемикалии.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top