Home / нови лекови / Научниците направија голем чекор во пресадувањето глава

Научниците направија голем чекор во пресадувањето глава

Меѓународниот тим биолози под раководство на италијанскиот неврохирург Серџо Канаверо направи голем чекор во обидот да пресадат глава на човек на тело на донор, успешно поврзувајќи го ‘рбетниот мозок кај стаорци и проверувајќи ги дел од техниките кај мајмуни, се вели во серијата написи кои се прифатени за објавување во стручните списанија Surgery и CNS Neuroscience & Therapeutics.

glava presaduvanjeКон крајот од февруари 2015 година италијанскиот хирург Серџо Канаверо од универзитетот во Торино, кој тврди дека е способен успешно да пресади глава од човек на друго здраво тело, го најави претставувањето на амбициозниот проект HEAVEN/AHBR, во чии рамки планира трансплантација на глава од доброволец на тело на донор, поврзувајќи го ‘рбетниот мозок со централниот мозок со помош на специјална постапка, којашто ја нарекува „протокол Gemini“ (близнаци).

На повикот на Канаверо се одѕва сега 31-годишниот руски инженер Валериј Спиридинов, кој страда од ретко генетско заболување, синдромот Ваердинг-Хафман, поради кое е во инвалидска количка и е првиот човек во светот кој доброволно се пријави да учествува во зафатот за пресадување глава. Поради болеста на мускулатурата неговата состојба постојано се влошува.

Мислењата на неврохирурзите во светот се поделени, некои не ја исклучуваат во принцип таквата можност, но не се уверени во успехот на операцијата, додека другите сметаат дека пресадувањето на глава е авантура, којашто неминовно нема да успее.

Сега Канаверо и неговите колеги во споменатите студии пишуваат дека успеале успешно да ја реализираат клучната фаза од операцијата, односно спојувањето на мозочното стебло и ‘рбетниот мозок, кај стаорци. За реализација на тоа научниците користеле ултратенок нанонож од јаглерод, органска материја полиетилен гликол, која овозможува нервните влакна да се држат „заедно“ едни со други, како и специјален начин на стимулација на ‘рбетниот мозок на местото од засекот неопходно за поврзување меѓу невроните.

Според научниците, околу еден месец по оштетувањето на “рбетот и сраснувањето според методот на Канаверо, нервните влакна во ‘рбетот сраснуваат, и животните одново ја добиле мобилноста на нивните екстремитети. Целата оваа операција била изведена во Кина, каде што за ваквите експерименти нема никакви ограничувања.

Лани Канаваро во интервјуто за Комсомолскаја Правда рече дека операцијата има политичко значење. Според него, земјата во којашто ќе биде извршена првата трансплантација на глава од еден човек на друго тело, несомнено ќе влезе во светската историја.

Покрај тоа, научниците успешно ја потврдиле методата за зачувување на функциите на мозокот во рамките на експериментите за целосна трансплантација на мозок кај мајмуни. Во овој случај подвижноста на екстремитетите не била вратена, но животните преживеале и нивниот мозок не бил трајно оштетен при пресадувањето на ново тело.

Извршувањето на ваквите експерименти, како што објаснуваат научниците, во голема мера било можно благодарејќи на препаратот „перфторан“, кој бил развиен во Институт за биолошка физика на Академијата на науките на поранешниот Советски сојуз како вештата замена за крвта. Оваа супстанција ги хранело клетките на мозокот по неговото одделување од телото.

Покрај овие опити, научниците, исто така, претставуваат и редица „превентивни“ мерки, како, на пример, како може да се справат со болката којашто се јавува при трансплантацијата и за којашто, како што истакнува Канаверо, неговите критичари дури и не се сомневаат, а презентираат и бројни прашања од филозофски и етички аспект, кои произлегуваат од сличните операции.

Кон крајот на април 20125 година, Канаверо претставувајќи го својот план во Русија, рече дека за извршување на ваквиот оперативен зафат главата на пациентот треба да биде оладена до 10 до 15 Целзиусови степени, бидејќи ќе се врши операција на длабоките области на мозокот. Рече во интервјуто за Правда дека тимот хирурзи ќе има еден час за да ја ‘приклучи’ главата на другото тело. За поврзувањето на крвните садови се потребни само неколку минути. Главата на Валериј ќе биде одвоена од телото и пренесена на ново за само неколку секунди, а снабдувањето на мозокот со крв ќе започне по петнаесетина минути, ги појасни Канаверо техничките детали од оваа чудовишна операција. Како резултат од овој зафат, според неврохирургот, би требало да има целосно обновување на подвижноста на телото на пациентот.

Ланскиот јуни Канаверо во потрага по финансиери имаше двоиполчасовна презентација на оваа тема на конференцијата на Американската академија на невролошките и ортопедските хирурзи, како гостин на отворањето на настан во Анаполис, во државата Мериленд.

Според авторите на споменатите две студии, првите експерименти врз човечки тела веќе започнале во Кина, а наскоро спектарот на истражувањата ќе биде значително проширен. Првата трансплантација, како што велат научниците, според планот ќе биде изведена во декември 2017 година.

Докторот Серџо Канаверо, директор на Напредната група за невромодулација од италијански Торино, процени дека, кога го најави првпат овој проект кон крајот на 2013 година, таквата операција би можела да биде возможна за две години, односно во 2016 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top