Free songs
Home / нови лекови / Наскоро таблета која го спречува канцерот на простатата

Наскоро таблета која го спречува канцерот на простатата

Британските научници сметаат дека за 5 години ќе биде достапна таблета, која ќе го спречува ширењето на канцерот на простатата. Лабораториските тестови создадоа протеин кој го спречува растењето на заболените клетки, дури и во состојба кога вообичаените терапии не се ефикасни. Според тоа, научниците сметаат дека за 5 години ќе може целосно да го испитаат овој протеин за да почне да се применува во медицината.

pill-apce– Секоја година умираат илјадници мажи од рак на простатата. Вообичаената терапија на почеток дава добри резултати, но со тек на време опаѓа. Кога ќе напредне канцерот, тогаш остануваат многу малку опции, изјави еден од истражувачите, д-р Шарлот Беван.

Некои од туморите не се опасни по живот и може да се излечат, но има случаи кога тие се смртоносни. Канцерот се шири само кога мажите се изложени на машки хормони, како што е тестостеронот, кој не одговара на терапијата. Но, по две години и канцерот станува отпорен на терапијата и хормоните продолжуваат да ги размножуваат клетките.

Новиот протеин ќе ги блокира рецепторите и во едно ќе го стопира ширењето на канцерот.

– Нашиот тим бара да создаде нова терапија, која ќе им помогне на пациентите, откога нема да има ефект првичната терапија. Истражувавме многу и според податоците ќе создадеме формула која ќе го блокира канцерот, изјави д-р Шарлот.

До сега оваа формула се тестирала во лабораторија, при што резултатите биле навистина ветувачки. Сепак, потребна е поголема работа пред целосно да се воведе во медицината.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top