Free songs
Home / нови лекови / На повидок револуционерно откритие на антибиотици

На повидок револуционерно откритие на антибиотици

Револуционерниот метод на одгледување на бактерии даде 25 нови антибиотици од кој еден е означен како „многу ветувачки“.

vitamini apceПоследната нова класа на антибиотици што влегоа во клиничка употреба беше откриена пред приближно три децении.

Ова го тврди студијата во магазинот „Природа“ опишувајќи го како комплетно нова промена во светот на антибиотиците.

Научниците од Североисточниот универзитет во Бостон при истражувањата се потпреле на почвата, како извор на речиси сите антибиотици.

Тимот формирал подземен „хотел“ за бактерии на тој начин што во секоја „соба“ поставиле по една бактерија а потоа уредот  го закопале во земја овозможувајќи посебен хемиски процес да навлезе во секоја ќелија.
Хемикалиите произведени од микробите  подоцна биле подложени на антимикробни карактеристики. Научниците кои работат на проектот на овој начин успеале да откријат 25 нови антибиотици од кои теиксобактинот се смета за потенцијално најкорисен

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top