Free songs
Home / нови лекови / Мозочниот удар може да се открие и пред да се случи

Мозочниот удар може да се открие и пред да се случи

Мозочниот удар ќе може да се открие и пред да се случи со новите апарати со кои неодамна се поднови скопската Kлиника за неврологија, велат надлежните. Оваа животнозагрозувачка дијагноза годишно се дијагностицира кај 4.000 пациенти во земјата, и, за жал, кај многумина е фатална за животот.

20130206-pronajden-centarot-za-zlo-vo-mozokot-promenata-na-frontalniot-mozok-se-naogja-kaj-site-psihopati-1-300x195Веќе се прегледани над 50 пациенти

Лекарите тврдат дека навременото откривање и терапија на мозочниот удар може да го спаси животот на болниот и значително да го намали инвалидитетот од истиот.

– Еден од апаратите е транскранијалниот доплер. На главата на пациентот се поставува уред кој личи на капа, преку кој се гледа колку е оштетена мозочната циркулација – колкаво е затнувањето на крвните садови и друго. Па преку овој апарат отсега можеме да открие пациент кој е ризичен за добивање мозочен удар и која е можноста да се случи таков инцидент.

При мозочен удар се случува слабост на една страна од телото, тешкотии со зборувањето, искривување на лицето, отрпнатост на една страна од телото, тешкотии со видот, со рамнотежата. Најблиските што се до лицето што ги има овие симптоми никако да не чекаат – веднаш да повикаат брза помош, за што побрзо да се прегледа пациентот и да се процени состојбата.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top