Free songs
Home / аларм / Многу опасно – жени со овие симптоми не смеат да јадат сирење и млеко

Многу опасно – жени со овие симптоми не смеат да јадат сирење и млеко

Жените на кои им е дијагностициран карцином на дојка би требале да се откажат од високомасните млечни производи, како што се павлаки, полномасно млеко, пудинзи, сладоледи и масни сирења.

sir_thumb_medium490_0Истражувањата објавени во списанието Journal of the National Cancer Institute укажуваат на влијанието на внесувањето високомасни и нискомасни млечни производи кај жени на кои им е дијагностициран карцином на дојка.

Се знае дека покаченото ниво на естроген е од клучно влијание на развојот на овој карцином. Со конзумација на високомасни производи, а естрогенот примарно се задржува во маснотијата, во текот на подолг период, тој може да го потикне развојот на карциномот на дојката.

И новите резултати укажаа дека со конзумација на високомасни млечни производа, со повеќе од едно и пол сервирање на ден, доаѓа до зголемување на општата смртност кај заболените од овој карцином за 49%.

Исхраната со помало количество маснотии, телесната активност па и одржувањето на соодветната телесна маса се клучни за превенција на болеста.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top