Home / нови лекови / Милијардерите вложуваат во создавање “лек против смртта” – веруваат дека во овој век ќе сме бесмртност

Милијардерите вложуваат во создавање “лек против смртта” – веруваат дека во овој век ќе сме бесмртност

Група богаташи вложила милијарди долари во проектот за создавање на “лек против смртта” и веруваат дека луѓе во овој век ќе достигнат бесмртност.

Како алхемичарите, кои во средниот век се обиделе да достигнат бесмртност, група милијардери решила да пронајде, како што велат, “лек против смртта” или, во најлош случај, да смислат начин луѓето да живеат барем 500 години.

lekovi-za-smiruvanje1410979414_thumb_medium490_0Проектот го предводи Бил Марис, директор на инвестиции во “Google”, а му се приклучиле Сергеј Брин, и четвртиот најбогат човек на светот, Лери Елисон, основач на “Paypal”.

Имаме оружје – “Научниците веќе денес имаат оружје кое може да постигне сè што може луѓето да замислат. Се надевам само дека сите ќе живееме доволно долго да го постигнеме тоа што го сакаме. Во секој случај, сигурен сум дека наскоро ќе живееме 500 години”, тврди Марис.

Неговиот колега Сергеј Брин, кој е “тежок” повеќе од 30 милијарди евра, рекол дека верува дека еден ден ќе “најде лек против смртта”, додека Лери Елисон смета дека е незамисливо тоа што луѓето ја прифаќаат смртта како нешто што мора да се случи, а истата за него е бесмислена.

-Првиот човек кој ќе живее 1.000 години е веќе роден. Со генетски инженеринг на клетките на нашето тело ќе можеме да го избегнеме стареењето. Луѓето мора да престанат да сметаат дека стареењето е неизбежно и треба да размислуваат за телото како за автомобил – колку повеќе го одржуваме, подолго ќе трае, рекол Обри де Греј, британски геолог.

217639_lekari02_f-300x172Ограничување на телото – Иако имаат многу пари и се подготвени да ги вложат во потрага по бесмртноста, многу научници мислат дека нивните идеи се неостварливи.

-Постојат ограничувања за тоа колку човековото тело може да издржи и границата е околу 120 години. Едноставно, досега не се откриени луѓе кои успеале да живеат подолго од тоа, тврди Колин Блејкмор, поранешен шеф на Истражувачкиот медицински совет на Велика Британија.

Меѓутоа, многу научници кои работат за овие милијардери сметаат дека не е тешко да се продолжи животот и веќе работат на тоа, па до бесмртноста планираат да дојдат на шест начини.

Техника 1: Промена на гените – Научничката Синтија Кенјон успеала да ги промени гените кај валчестите црви и да им го продолжи животот за десет пати. Токму поради тоа била вработена од групата милијардери. Процесот на деактивација на гените – “daf-2″, кој минал успешно кај црвите, е многу посложен кај луѓето, но таа верува дека може да се постигне целта.

Техника 2: Минијатурни роботи – Директорот на инженеринг во “Google”, Реј Курзвел, смета дека до 2030-тата година во телото ќе може да се внесат милиони микроскопски роботи, наречени наноботи, кои ќе го одржуваат нашиот имунолошки систем и нашето здравје на молекуларно ниво. Експериментите со наноботите биле успешни кај глувците.

Техника 3: Матични клетки – Многу луѓе до бесмртност се обидуваат да дојдат со помош на матичните клетки. Милијардерот Питер Најгард вложил многу пари во ова истражување и самиот во своето тело внесува матични клетки четири пати годишно, и верува дека тоа го прави помлад и поздрав.

krv2Техника 4: Нова крв – Слично како во средновековните легенди за луѓето кои пиеле крв од млади луѓе за да останат витални, научниците од Стенфорд успешно докажале дека трансфузијата на крвта од младите луѓе може да помогне во ублажување на ефектот на Алцхајмеровата болест. Тие веруваат дека на ист начин може да се забави стареењето.

Техника 5: Клонирање – Некои научници, очигледно инспирирани од научно-фантастичните романи, работат на проект на клонирање на органи, за да ги заменат органите кои се стари или болни. Веќе успеале да направат органи како бубрег и црн дроб.

Техника 6: Киборзи – Рускиот милијардер Дмитриј Ицков веќе вложува пари за префрлување на човековата свест во роботските аватари, кои се физички супериорни. Тој планира со помош на овој систем да доживее 10.000 години. Други веруваат дека воопшто не се потребни аватари, туку е доволно свеста да се префрли во компјутер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top