Home / сведоштва / Медицински феномен: Преживеа 27 инфаркти во еден ден

Медицински феномен: Преживеа 27 инфаркти во еден ден

Реј Вудхал, 54-годишник од англискиот град Веднесбари, проживеал вистинска животна драма откако доживеал срцев удар играјќи фудбал со пријателите.

27739436-105743Но, вистинската борба почнала во болница каде за 24 часа доживеал 26 срцеви удари, а лекарите после секој се обидувале да го оживеат.

Медицинската сестра изјавила дека досега најмногу седум пати оживувала едно лице.

-Последниот удар беше најтежок. Сопругата ме држеше за рака и гледаше како умирам пред неа. Умирањето е како заминување на спиење, изјави Реј, инаку татко на 3 деца.

Неверојатно е што Реј прво одбил помош, а тогаш возачот на итната помош на пат до болница му објаснил дека доживеал срцев удар.

C5DtQwMUoAAnSH-.jpg smallПовеќето удари во болницата биле меѓу 21 часот и 3 часот наутро, а се верувало дека нема да ја преживее ноќта.

За среќа лекарскиот тим одлично си ја извршил работата и чудесно го спаси практично изгубениот живот.
Реј ја пофали болницата и им се заблагодари на сите кои учествувале во спасувањето на неговиот живот.

Лекарите прогнозираа дека опоравувањето ќе трае половина година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top