Free songs
Home / аларм / Мажи внимавајте на ова – Зголемувањето на стомакот алармира и болест

Мажи внимавајте на ова – Зголемувањето на стомакот алармира и болест

Погрешно е да се верува дека промените во машкото тело престануваат по пубертетот. Тие и понатаму се случуваат, а повеќето од нив се нормални. Но, може да дојде и до промени кои може да бидат причина за загриженост. Правилното распознавање на промените е многу важно за навреме да побарате лекарска помош ако тоа е потребно.

bloatingОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Количеството коса, како и телесните влакна и влакната на лицето може да се разликуваат во зависност од животната доба во која се наоѓате, а во голем дел е одредена од генетичко наследство. Растот на косата и влакната на телото го поттикнуваат машките полови хормони, андрогените. Некои делови од телото, како што е главата, лицето, пазувите, градите и ципите, посилно реагираат на тие хормони, а некои, како што се влакната на рацете и на нозете, помалку зависат од хормоните. Постепеното проретчување на косата или т.н. инволуциска алопеција е природен процес кој настапува со текот на годините. С` поголем број фоликули преминуваат во состојба на мирување и престануваат со производство на кератин и со создавање нови влакна.

* Кога се виновни хормоналните нарушувања?

Андрогената алопеција е генетски условено нарушување, при што мажите често почнуваат да ја губат косата уште во тинејџерската возраст. Таквото губење на косата често започнува со повлекување на косата од челото или губење на косата на темето. Значаен губиток на телесни влакна, влакната под пазувите или на ципите – особено во комбинација со други видливи знаци и симптоми, како што се намалено либидо, проблеми со ерекцијата, замор или промени во телесната тежина – може да укажуваат на хормонални нарушувања, па препорачливо е да се побара лекарска процена. Ако ја губите косата само на одредени делови, можно е да постои дерматолошки проблем, па се препорачува посета на дерматолог.

ЗОШТО СТОМАКОТ РАСТЕ?

stomakВо текот на годините, со стареењето, вашето тело ја губи мускулната маса, а се зголемува и количеството масно ткиво. Кај мажите прекумерното масно ткиво често се таложи во абдоминалната област, односно во областа на предните стомачни ѕидови.

Ова намалување на мускулната маса и зголемувањето на масното ткиво е резултат на неколку фактори. Пред с`, се работи за хормонални промени, при што доаѓа до намалување на нивото на анаболички хормони, односно оние што го поттикнуваат развојот на мускулната маса, додека нивото на катаболички хормони останува исто или благо се зголемува. Тие промени, како и промените во исхраната, количеството вежбање и генетичките предиспозиции, заедно влијаат на промените во телесната конституција. Прекумерната тежина е нездрава пред с` ако имате прекумерно наталожено масно ткиво во горниот дел од телото и на стомакот. Таквото масно ткиво е поврзано со зголемен ризик од болести на срцето.

* Проверете дали е последица на некоја тегоба

Без оглед на старосната возраст, исклучително е важно да се одржува нормална телесна тежина и телесна кондиција. Се препорачува редовно вежбање и движење и здрава и урамнотежена исхрана. Зголемувањето на стомакот може да биде предизвикано и од некои други состојби и фактори, како што се болести на црниот дроб, нарушувања во цревата или абдоминални тумори. Во тој случај исклучително е важно тоа да не го препишете на зголемување на телесната тежина и да побарате лекарска помош. Ако покрај зголемувањето на телесната тежина и зголемувањето на стомакот, имате болка, промена во работата на цревата, мачнина и повраќање, жолтица, отекување на нозете, тешкотии во мокрењето и замор, советувајте се со вашиот лекар.

ПРОМЕНИ ВО СЕМЕНИЦИТЕ – ПОСЕТЕТЕ ЛЕКАР

Многу е важно да посетите лекар ако забележите каква било болна или безболна промена во големината или обликот, задебелување или отекување на тестисите.

Јазли, топчиња или отоци во семениците, околу тестисите или на тестисите можат да се знак на сериозни заболувања, како што се рак или, пак, на некои помалку сериозни состојби. Ако забележите каква било неправилност во семениците, многу е важно да посетите лекар и да побарате лекарски преглед.

РАКОТ НА ТЕСТИСИТЕ Е ТУМОР СО МНОГУ БРЗ РАСТ

Најчесто се појавува кај момчиња и кај мажи на возраст од 15 до 35 години, ретко и во шестата деценија од животот. Речиси сите облици на карцином на тестиси почнуваат во самите тестиси. Ракот на тестиси е тумор со многу брз раст, а кај некои типови времето на двојно зголемување изнесува околу 20 дена и се вбројува во туморите со висок малиген потенцијал. Ако туморот продре во крвоносниот систем, клетките на туморот може да се прошират во најблиските лимфни и крвни садови и во стомачните лимфни јазли и во белите дробови, а потоа во црниот дроб или мозокот.

Денес ракот на тестиси токму поради својот брз раст и делотворната хируршка и онколошка терапија е еден од најизлечивите облици на карцином, дури и ако се работи за напреден облик со зафатени лимфни јазли. Околу 85 отсто од заболените имаат висок степен на излекување. Многу важно е да посетите лекар ако забележите каква било болна или безболна промена во големината или обликот, задебелување или отекување на тестисот.

* ХИДРОЦЕЛА
Насобирање течност во семениците е една од најчестите причини за отеченост во семениците и околу тестисите. Ова нарушување не е сериозно, но со текот на времето количеството течност може да порасне и да предизвика непријатност и проблеми при одењето и при телесните активности. Делотворно се лекува со хируршки зафат.

* КИЛА НА ЦИПИТЕ
Килата во долната абдоминална област или ципите може да се прошири и до семениците и да предизвика отеченост над тестисите. Со лекарски преглед најчесто лесно се дијагностицира, а се лекува со хируршки зафат.

* ВАРИКОЦЕЛА
Ова е проширување на вените на семениот сноп зад левиот тестис како последица на инсуфициенција на венскиот крвоток на тестисите. Се јавува кај околу 10 отсто од мажите и иако не е опасно, може да предизвика неплодност, па во тој случај потребен е хируршки зафат. Ретко се јавува болка, но може да се појави отекување по кревање тежок товар или вежбање. Ако се јави во областа на десниот тестис, може да биде знак за сериозно заболување и задолжително е потребна дијагностичка обработка според препораките на уролог.

Дневник

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top