Free songs
Home / природен лек / Марулата го чисти телото од нездрава храна

Марулата го чисти телото од нездрава храна

Зелена салата е богата со витамини, особено со витамин Ц.  помага за прочистување на цревата од згури кои често се формираат при нездрава исхрана и зголемена потрошувачка на мрсно месо.

marula-marulq-vilica-noj-103571-500x0Богата на целулоза

Зелената салата е богата со целулоза. Затоа е многу ефикасна при нередовна столица. Ако имате запек, во рамките на еден ден јадете ги само внатрешните листови на зелената салата во комбинација со јаболка . Желудникот ќе закрепне до крајот на денот.

Совет: Накиснете ги листовите на марулата барем за 15 минути во ладна вода, пред да ги исецкате за салата. Така ќе паднат хемикалиите, останати по површината на лисјата

Висока содржина на железо

Зелената салата содржи големи количини железо . Затоа е погодна за луѓето кои страдаат од анемија.

Таа е соодветна замена на прехранбените адитиви со железо од две причини. Прво е природен извор на железо и не внесува во организмот вештачки материи и хемикалии. Второ така усвоеното железо се апсорбира многу побрзо до организмот.

Помага при несоница

Голем број студии покажале дека зелена салата има успивачко дејство.  Затоа салатата со марула ќе ви помогне да се справите со немирот пред спиење. Друг плус на зелена салата е дека заситува, без да создава чувство на тежина во стомакот. Дури да одлучите да изедете салата со марула пред спиење, тоа нема да влијае на сонот.

Богата со растителни влакна

Високата содржина на влакна и вода во зелена салата е друга причина зелената салата да учествува во речиси секоја диета. Редовното консумирање на марула го зајакнува  метаболизмот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top