Free songs
Home / сведоштва / Mајка го излечи детето од аутизам – еве како

Mајка го излечи детето од аутизам – еве како

Диетата која исклучува натриум глутамат , во некои случаи овозможува да се минимизираат симптомите кај децата со аутизам , тврди биохемичарката  Кетрин Рајд од Сан Франциско .

Нејзините заклучоци се донесени врз основа на невробиолошки истражувања и сопственото искуство : на 2 -годишна возраст на нејзината ќерка и бил дијагностициран аутизам , а сега на нејзини  седум години, според зборовите на нејзината мајка болеста е исчезната целосно.

autistic-childrenБидејќи во моментов во САД е одобрен само еден лек ( рисперидон и негови аналози ) многу родители се обраќаат за помош кон алтернативната медицина , со тоа што користат хомеопатски препарати , пробиотици , различни диети без глутен , лактоза и казеин со надеж дека тоа ќе има позитивно влијание врз состојбата на детето .

Диетата за која зборува д- р Рајд , се разликува од оние кои се познати досега . Според неа од менито на детето со аутизам треба да се исклучи само едно хемиско соединиение – додатокот во исхраната кој ги зајакнува вкусот и аромата – натриум глутамат ( други негови имиња се Е 621 , Е 631 , хидролизиран растителен протеин ) .

„Во организмот има рецептори за глутамат кои ги  возбудуваат нервните клетки и тој е потребен , но само во одредено количество , објаснува д- р Рајд. – Многу од прекршоците на развојот на нервниот систем , како аутизмот, потенцијално може да бидат поврзани со дисбалансот на употребата на глутамат . ”

Таа тврди дека  95% од обработените прехранбени производи содржат натриум глутамат , но производителите имаат право да налагаат негово присуство, ако содржината не надминува одредено ниво .

Иако до моментов нема податоци кои ја потврдуваат научно нејзината теорија, биохемичарката смета дека состојбата на 7 -годишната ќерка е илустративен пример за верување во идејата .

Кога нејзината ќерка иамала 2 години, Кетрин и нејзиниот сопруг , кој работи како клеточен биолог , почнал да забележува знаци на аутизам кај детето : стереотипно однесување , потешкотии во комуникацијата и обуката , а исто така и стомачни проблеми.

Направените студии покажале дека детето има просечна стапка на аутизам .

„Таа живееше во свој свет . Нејзините дејства беа повторувачки, покажуваше знаци на невроза на нападни состојби и започнуваше да вика хистерично , ако одевме кон дома по друг пат ” , раскажува мајката.

dete autizam

Рајд ја напуштила работата и почнала да го изучува дејството на различните диети , кои се препорачуваат за деца со аутизам . Прво ги исклучила од менито на детето производите кои содржат глутен и лактоза , потоа додала магнезиум , Витамин Д , рибино масло . Сите овие начини помагаа , но не за долго .

Подоцна таа налетала на статија во која се истакнува за глутаматот и неговата улога во организмот, како и за опасноста од вишокот што може да предизвика разни невролошки нарушувања,

Затоа Рајд ги исклучила од храната на девојчето производите кои содржат натриум глутамат и по нејзините зборови „симптомите на аутизам се исчезнати ” . Постепено детето станало повеќе социјално адаптирано , целосно исчезнало стереотипното однесување и се подобрила координацијата .

Санфорд Номарк , лекар од Osher Center for Integrative Medicine на калифорнискиот универзитет , специјализиран во третманот на деца со аутизам засега нема научна потврда на оваа теорија . Тој, сепак, е подготвен да го провери нејзиното дејството, бидејќи ги видел позитивните резултати при примена на диета без глутен и казеин .

„Постојат многу нешта што не ги знаеме за аутизмот – истакнува тој. Нема ништо штетно во обидот да се премине на диета , слободна од натриум глутамат – ако се консумираат овошје, зеленчук и месо , житно – мешункасти храни и се исклучат преработените прехранбени проукти . Сепак се работи за здрава исхрана . ”

„Ние сме должни да бидеме отворени кон нови пристапи во лекувањето на аутизмот ” , смета психијатарот и специјалист во областа на неврологијата Антонио Харди од детската болница при Универзитетот Стенфорд .

Откако Рајд  ги видела резултатите од глутамат диетата кај ќерка си , таа основала  непрофитна организација,  Unblind My Mind , кој го проучува дејството на прехранбените производи врз мозокот . Според неа кај 74 од 75 деца со кои таа работела е забележано значително подобрување.

Глутаматите (натриум глутамат , калиум глумат, калциум глутамат – сето ова се соли на глутаминската киселина , Е620 – Е 625 ) создаваат вештачко чувство за глад , со тоа што ги стимулираат центрите во мозокот кои се одговорни за перцепцијата и контролирањето на чувствата .

Глутаматите не создаваат чувство на среќа или еуфорија , туку чувството за вкусна наслада и желба оваа наслада да биде продолжена.

Глутаматите се соединенија од аминокиселини кои се префрлаат од слузницата директно во крвта , а од таму доаѓаат непречено во мозокот.

Научниците од Јапонија  покажаа вознемирувачки ефект на глутамат врз мрежницата на окото. Во долготрајни експерименти со животни , на кои во храната секојдневно им додавале глумат, научниците докажаа дека мрежницата на животните чувствително е изострена , и потоа овие животни го изгубиле видот.

Бидејќи тој нема свој вкус , го зајакнува вкусот на храната во која е додаден , тој бил широко користен за сè што е индустриско произведено, па така создава зависнот.

Производите на брза храна освен што се полни со глутамат , вријат и од масти. Откако  хранеле глодари со пица , хамбургери и гиро , група на истражувачи дошле до заклучок дека животните што се користат во истражувањето , ги губат брзо интелектуалните способности и краткорочната меморија, за разлика од оние кои се хранат нормално.

365.com.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top