Home / нови лекови / Луѓето ќе живеат подолго за дури 20 години

Луѓето ќе живеат подолго за дури 20 години

Можно е наскоро сите жители на нашата планета да имаат долг живот. Научниците се на прагот на откритие кое би можело да ја продолжи човековата младост.

За ова постојат неколку пристапи. Некои научници се обидуваат вештачки да добијат човечки органи кои, по потреба, би ги замениле старите. Некои други, пак, трагаат по генот одговорен за стареењето.

4687867207_e09a1f2f3c_b_468Кај еден лилјак неодамна е откриен ген кој е одговорен за долгиот живот. Овој претставник има десет пати подолг живот од останатите припадници на својот вид, објаснува шефот на лабораторијата за регенерациска медицина на Московскиот физичко-технички институт Михаил Батин:

„Всушност постојат над 100 гени кои кај различни животни се поврзуваат за должината на животот. Во нашата лабораторија работиме на моделите на функционирање на овие гени, со цел да го добиеме истиот тој протеин кој е задолжен за функциите поврзани со должината на човечкиот живот.“

Кога станува збор за луѓето со мошне долг животен век, причината за нивната виталност не е начинот на живеење, туку гените, смета рускиот научник:

„Секако дека здравиот начин на живот и добрите животни услови се одлична околност. Но, кога некој ќе доживее 120 години, за тоа се одговорни исклучиво гените и отпорноста на организмот на стрес.“

Михаил Батин смета дека кога би постоел глобален проект поврзан со должината на животот, како што се проектите за создавање нуклеарни бомби или истражувањето на вселената, староста би била победена веќе за 20 години. Но, во моментов не постои задача од ваков вид, вели рускиот научник:

Политичка задача е луѓето да живеат долго. Доколку постои политичка волја, луѓето ќе живеат подолго. Но, за жал, политичките лидери имаат особини кои се во спротивност со научниот развој.

Повеќе се водат од мислењето на обичните луѓе. Продолжувањето на човечкиот живот е мошне сложена и комплексна задача. Колку и да звучи парадоксално, обичните луѓе ова не ги интересира. Уверен сум дека 80% од луѓето на прашањето дали би сакале да живеат вечно, би одговориле со „Не“. Ова го покажуваат и испитувањата кои се спроведуваат во светот.

Но, сепак, младоста веќе денес може привремено да се продолжи. За тоа е потребно идентификување на генот на својот геном. Оваа постапка чини околу 200 долари. Со анализа на огромен број податоци на геномот на една определена личност може да се утврди на кој начин во нејзиното тело се одвиваат промените поврзани со стареењето. Во тој случај правилниот избор на соодветен третман може да го продолжи човековиот живот за околу 20 години.

Ruska Rec

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top