Home / природен лек / Лубеницата добра за срцето, борец против ракот и дехидратацијата

Лубеницата добра за срцето, борец против ракот и дехидратацијата

Чинија лубеница има само 46 калории, а задоволува 20 отсто од препорачаните дневни дози на витамин Ц и 17 отсто од витаминот А. Покрај тоа што содржи големи количини на витамините: А, Б и Ц, богата е со вода – 92% и помага во регулирањето на телесната тежина зошто не содржи многу калории.

lubenica-3– 100гр. лубеница содржи 10% шеќер и 90% вода; 20мг. бета-каротен, 0.5мг. железо, 7мг. калциум, 10мг. фосфор и околу 20 калории.

Исто така само една мала чинија лубеница содржи 1,5 отсто повеќе ликопен (моќен антиоксиданс) отколку голем свеж домат. Ликопенот е антиоксиданс кој ги спречува слободните радикали да го нарушат имунитетот, а некои истражувања покажале дека може да го намали ризикот од срцеви заболувања и некои видови рак.

Во сокот од лубеница се наоѓа аминокиселината цитрулин, за која се верува дека ја подобрува работата на артериите и оти го намалува крвниот притисок. Има неверојатна моќ на хидратација, бидејќи дури 91,5 отсто од лубеницата е вода и тоа ја прави идеална за лето, бидејќи многу луѓе на лето својот организам го доведуваат во состојба на дехидратација бидејќи не водат сметка за количината на вода која ја внесуваат во организмот.

Делува на работата на органите за варење и го потпомага излачувањето на течностите и отровите од организмот. Одлична е за оние кои сакаат да ја намалат својата телесната тежина.

Лубеницата делува исто како виагра – Цитрулинот кој го содржи лубеницата ги опушта крвните жили на истиот начин, како и виаграта, а дури и ако тоа не успее, одлична е за артериите.

Лубеницата е одличен извод на калиум кој помага кај функцијата на мускулите и нервите, а заедно со тоа го намалува ризикот од високиот крвен притисок.

Ако сакате од лубеницата да го извлечете максимумот здравствена корист, не чувајте ја во фрижидер. Иако е попривлечна кога е изладена, на овој начин губи и до 40% ликопен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top