Free songs
Home / Болести и лечење / Лошите последици по здравјето предизвикани од честото седење

Лошите последици по здравјето предизвикани од честото седење

Сите знаеме дека седењето е штетно, посебно кога тоа го практикуваме често. Но, што навистина се случува со нашите тела кога се „закачуваме“ на каучот со часови? 

20140124-loshite-posledici-po-zdravjeto-predizvikani-od-chestoto-sedenje-1

Оштетување на органите 

Пред се’, седењето може да предизвика појавување на срцеви заболувања. Мускулите согоруваат помалку масти и крвта тече поспоро по долго седење, со што масните киселини полесно може да го затнат срцето. Долгото и често седење било поврзано со високиот крвен притисок и покачениот холестерол, како и голем број срцеви заболувања.

Седењето може да влијае лошо и на панкреасот. Овој орган произведува инсулин, хормон кој ја носи глукозата до клетките за енергија. Но, клетките во „мрзеливите“ мускули не одговараат веднаш на инсулинот, па панкреасот произведува повеќе од потребното, што може да доведе до дијабетес и други болести. Студиите покажале и дека луѓето кои седат повеќе имаат поголем ризик за заболување од рак на дебелото црево и градите. Од друга страна, редовното движење создава производство на природни антиоксиданси кои ги убиваат клетките кои се потенцијални произведувачи на рак.

Менување на мускулите 

Кога стоите, се движите или седите исправено, стомачните мускули Ве држат исправени. Но, кога ќе седнете на столот во искривена положба, тие не се користат. Грбните мускули и „мрзеливите“ стомачни мускули може да ја изменат природната форма на ‘рбетот. Згора на тоа, студиите покажале дека слабото движење на колковите е причината позади честото паѓање на старите лица.

Проблеми со нозете 

Седењето долги периоди ја ослабува циркулацијата на крвта. Ова може да предизвика потечување на зглобовите или тромбоза. Седењето може и да ги ослабе коските на нозете. Со седењето, тие стануваат послаби, поретки и послаби.

Проблеми со мозокот 

Движењето на мускулите го полни мозокот со свежа крв и кислорот, а со тоа предизвикува лачење на хемикалии за подобро расположение и поголема концентрација. Кога седиме долго време, се’ успорува, дури и мозокот.

Проблеми со грбот 

Седењето може да предизвика „’рѓосување“ на ‘рбетот, односно тој може да стане помалку флексибилен. Ова може да предизвика болки во грбот.

Правилниот начин за седење 

Доколку мора да седите редовно, правете го тоа на правилниот начин. Немојте да се наведнувате нанапред, рамениците треба да бидат опуштени, рацете држете ги близу до страничните делови од телото, нозете нека бидат поставени рамно на подот и обезбедете поддршка за долниот дел од грбот.

Освен тоа, се препорачува често станување и движење. Мали паузи за вежбање и истегнување може да спречат многу проблеми.

Fakulteti.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top