Home / алтернативна медицина / Лекување со ракија

Лекување со ракија

Ракијата се користи при заболувања на дишните патишта, воспалени крајници, болно грло и кашлица. Ракијата помага и при ангина.

184309-rakija-fonetПри температура се прават облоги за да може на болниот да се испоти и да ги исфрли токсините од организмот. Ракијата се користи и  при ревматизам, како  и болки во зглобовите.

Според „бабините“ рецепти натопената крпа  со ракија се става на носот за лекување на настинка и затнат нос. Некои го користат пијалокот и за стоматолошки проблеми како  забоболка, бидејќи ја намалува непријатноста.

Пиењето една чашка  ракија дневно исто така има корисно дејство за организмот. Умерената консумација на пијалокот го подобрува крвниот притисок, ги заздравува ѕидовите на крвните садови и се бори со лошиот холестерол.

Рецепти за лекување со ракија

Болни крајници: Во 250мл домашна ракија се додаваат 125г мед. Смесата се загрева додека медот не се раствори, и се прави гаргара 3 пати дневно.

При настинка и болки во грлото:  Се нанесува ракија на крпа и се става  црн пипер. Крпата се обвива околу грлото и се покрива одозгора со волнен шал. Дозволете така да отстои преку ноќ.

Компресијата со ракија не се препорачува на бремените жени, доенчиња и мали деца. Освен тоа ако правите компресирање со ракија на градите, никогаш не ја ставајте врз срцето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top