Free songs
Home / сведоштва / Лековита вода во Раштак: Никола починал и оживеал – оттогаш лекува

Лековита вода во Раштак: Никола починал и оживеал – оттогаш лекува

Овој возрасен мештанин со многу интересна животна приказна пред 48 години доживеал клиничка смрт, а потоа сиот свој живот го посветил на селото и на помагање на луѓето. Вели дека на сон му се јавила мајката Божја и побарала во Тополче до чешмата со лековита вода да се изгради црква. Но, тоа може да се реализира само доколку Општина Гази Баба дозволи плацот околу чешмата од околу илјада квадрати да се размени со половина хектар црковно земјиште над патот. Чичко Никола и сите жители на Раштак се надеваат на поддршка од локалната власт.

nikola cesmaЛековитите води од изворот Тополче во Раштак им помогнале на многумина. Од секаде доаѓаат луѓе со очобол. Се замиваат еднаш, двапати и им поминува маката. Изворот тече од памтивек, а бројот на оние кои се излекувале не се знае. И не треба да се знае. Тоа ти е божја работа… Вака чичко Никола Иванов ја почнува приказната за чудотворните води во ова село сместено во питомиот дел на Скопска Црна Гора, на само дваесетина километри од Скопје.

Овој возрасен мештанин со многу интересна животна приказна сиот свој живот го посветил на селото и на помагање на луѓето. Ни рече оти се верува дека лековитата моќ на водата и ја даваат тројца светци: свети Спас, света Петка и света Богородица.

– Кога се градеше новиот пат водата секна, се изгуби изворот. Но, не помина долго, по некоја година патот пропадна за осумдесетина сантиметри. Се појави светата вода. Тогаш решија водата да се насочи и направија цевка за да тече, се изгради потпорен ѕид – раскажува чичко Никола, кого многумина го познаваат по исцелителната моќ.

lekovita voda cesma rastakЈа добил откако пред 48 години доживеал клиничка смрт, кога, како што ни рече, со помош на неколку светци стигнал до рајските порти, видел како изгледа и пеколот, па се вратил назад. Но, како што појаснува, со мисија која ја добил како задача. Да му помага на секој кој има мака, каков било проблем.

-Кај мене доаѓаат болни од секакви болести, но и немажени, неженети, брачни двојки кои немаат деца, млади со проблеми со школото, буквално луѓе што чуле за мене и мислат дека можам да им помогнам. Јас не баам, не гатам, јас помагам со помош на светци. Го барам светецот за да можам да ја откријам причината, да видам дали има лек и од каде може да се добие. Се со божја промисла. Никогаш не е погазена ни божјата страна ни медицината – вели нашиот интересен соговорник.

И додава: кај него нема лага, бидејќи тоа е божји грев. Всушност, уредувањето на чешмата во вид на црквичка ја почнал човек на кого претходно му помогнал да се излекува со светата изворска вода.

„Пред 48 години сум доживеал клиничка смрт, па сум вратен во живот и во овие 48 години работам со народ. Доаѓаат од цел свет. Не само од Македонија, од разни држави. На секого ја пружам раката онолку колку што Господ ми дава и сакам да помогнам на секого. Затоа се молам на секого кој ќе чуе, кој ќе разбере нека ја пружи раката нека ја почувствува топлината божја. Овде е мајката Богородица, на сите ни го покажува патот.“

Вечер.мк

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top