Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / природен лек / Лек за колитис, дијареа, лузни, против болка ..

Лек за колитис, дијареа, лузни, против болка ..

мускат­ното оревче е зим­зе­лено дрво од фами­ли­јата Myristicaceae и е еден од нај­ста­рите зачини кои се кори­стат во исхра­ната. Се упо­тре­бува и семето, одно­сно пло­дот во форма на орев и цве­тот од дрвото, кој има послатка арома.расте во висина и до 20 метри и може да дожи­вее и преку 100 години. Посто­јат машки и жен­ски сте­бла, а жен­ските даваат плод по 8-та година. Листо­вите се долги до 10 см и имаат бели цве­тови. Пло­до­вите се меснати со жолто-црвена боја. Во нив се наоѓа и сем­ката со интен­зи­вен мирис и сла­док вкус, што нам ни е позната како мускатно оревче.

muskatno-orevceПоте­кло: се прет­по­ста­вува дека води поте­кло од индо­не­зи­ските острови, од каде се раши­рил и во дру­гите тро­пски кра­и­шта. Осо­бено е попу­ла­рен во Гра­нада и други острови од овој појас кои даваат преку 30% од свет­скот опроизводство.

Го олеснува варењето, ја неутрализира киселината, ги неутрализира гасовите, помага во лечењето на хроничен колитис, дијареја и гастроентеритис.

При­мена во исхра­ната: мускат­ното оревче се упо­тре­бува во речиси сите кујни, како за зачи­ну­вање на слатки така и за солени јадења. Супи, сосови, месо, компири, торти и колачи, не можат да се зами­слат без овој зачин. Пудин­гот и многу врсти сирење одлично се ком­би­ни­раат со мор­ското оревче. Покрај тоа, од него се добива и масло и путер.

noce moscata Myristica fragrans apertaДруга при­мена: една негова состојка пока­жува одлично анти­бак­те­ри­ско деј­ство. Освен тоа, го подо­брува варе­њето и апе­ти­тот. Добро делува и при повра­ќање. Ја содржи состој­ката мири­сти­цин, која може да пре­ди­звика халу­ци­на­ции, но сепак упо­тре­бата на овој зачин нема такво дејство.

ТОНИК ЗА МОЗОКОТ

Мускатното оревче делува стимулирачки врз мозокот и може да помогне во елиминацијата на стресот и малаксаноста. Полезно е и за концентрацијата, па може да ви се најде пред училиште или работа.

ОСЛОБОДУВА ОД БОЛКА

Токму заради овој ефект зазема цетрално месо во Кинеската медицина. Ова најефикасно се постигнува со масло од мускатно оревче, кое е ефективен седатив. Помага кај болки во зглобовите, мускулите, воспаление на зглобовите.

MUSKANTNO OREVCE24ПРОТИВ МРЗЛИВИТЕ ЦРЕВА

Било каков проблем во дигестивниот систем како подуеност, гасови, дијареа, може да се реши со овој зачин. Мускатното оревче помага за подобро варење, ослободување од гасови, а може да ви помогне и со апетитот, ако го немате.

ВИСТИНСКИ АФРОДИЗИЈАК 

Според индиските научници, мускатното оревче е вистински афродизијак. Едноставно кажано, ги стимулира нервните клетки и ја подобрува циркулацијата на крвта, што поттикнува сексуална желба. Додатете малку во кафето и ете двојна доза за подобар секс.

ПРОТИВ НЕПРИЈАТЕН ЗДИВ 

Најчесто лошиот здив настанува како последица на прекумерено размножување на бактерии и остатоци од храна во усната празнина. Колку и да обратите внимание на чистата облека, средените нокти, убавата фризура, сепак на крај лошиот здив може да ја уништи целата слика. Морското оревче делува успешно против бактериите и помага да се справите со халитозата.

MUSKANTNO OREVCE23ЛЕКУВА ЛУЗНИ

Во овој сектор мускатното оревче добива најмногу признанија. Особено ефективно против комедоните и лузните, може да ви помогне да добиете блескава кожа преку една едноставна домашна маска за лице. Една лажица мед измешајте со изрендано мускатно и оревче оставете на чиста кожа да отстои околу 15 минути. Лузните ќе бидат поалку видливи, а комедоните ќе исчезнат.

Маска со цимет и мед

Измешајте 5 лажици мед со 2 лажици цимет, додадете и една лажица мускатно оревче и сок од еден лимон. Медот и мускатното оревче делуваат како природни антибиотици кои се борат против воспалителните процеси, циметот е одличен за пилинг на кожата, а лимонот е силен антиоксиданс. Маската може да ја држите на лицето околу половина час и подолго, бидејќи сите состојки се природни. Повторувајте ја постапката еднаш неделно и за брзо време ќе ги видите резултатите.

muskatni-orascicЗА ИНСОМНИЈА

Овој зачин може да ви помогне да заспиете како бебиња. Само направете комбинација со млако млеко и малку мускатно оревче и сонот набрзо ќе ве собори во кревет.

ЗИМСКИ НАПИТОК ЗА ЗДРАВЈЕ

1 л цеден сок од јаболки

50 мл. рум

4 лажици кафен шеќер

1 лажичка цимет

Рендано мускатно оревче

На оган ставете го сокот од јаболка во сад (наместо цедениот сок можете да го користите и сокот од компотот од јаболка). Штом почне да врие малку, додадете ги румот и шеќерот, а потоа и циметот и мускатното оревче.

Варете уште малку, но не дозволувајте да преврие. Пијте го топол,  веднаш штом го тргнете од оган.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top