Free songs
Home / нови лекови / Лек кој го намалува и лечи карциномот

Лек кој го намалува и лечи карциномот

Само еден лек може да ги намали и сосема да ги излечи тумурите на града, јајници, дебело црево, мочниот меур, белите дробови и на простатат, кои биле трансплантирани во глувци, откриле истражувачите.

Третманот, односно антитела кои го блокираат сигналот, обично присутен кај заболените клетки, го убедуваат имунолошкиот систем да ги уништи заболените клетки од рак.

20130330-lek-koj-go-namaluva-i-lechi-karcinomot-1Пред една деценија биологот Ирвинг Веисман од Универзитетот Стенфорд открил дека клетките заболени до леукемија произведуваат повисоки нивоа на протеинот наречен CD47, отколку здравите клетки што произведуваат. Но CD47 исто така има влијание и врз здравите крвни клетки;

Тоа е маркер кој го блокира имунолошкиот систем да ги уништи. Така ракот ја искористува оваа предност и го залажува имунолошкиот систем со тоа што ги игнорира. Во последните неколку години во лабараторијата на д-р Веисман се покажало дека со блокирање на протеинот CD47 со некои антитела успеале да излечат леукемија кај некои глувци, стимулирајќи го имунолошкиот систем да ги препознаее заболените клетки како натрапници.

Сега тој и неговите колеги покажале дека антителата кои го блокираат протеинот CD47 може да имаат многу поголемо влијание, отколку само врз лечењето на карциномите на крвта.

„Она што ние го покажавме е дека протеинот CD47 не е пристутен само кај клетките заболени од леукемија“ вели Ваисмен. „Овој протеин се јавува кај сите можни тумури кои ги тестиравме“ Исто така во неговата лабараторија е откриено дека клетките заболени од рак секогаш имаат повисоко ниво на CD47, отколку што имаат здравите клетки. Според тоа колку CD47 произведува тумурот може да предвиди колку се големи шансите пациентот да преживее.

За да утврдат дали блокирањето на протеинот CD47 е корисно, научниците ги изложиле заболените клетки на макрофаг, еден вид на имунолошки клетки и анти-CD47 молекули во петриевите садови. Без лекот, макрофакот ги игнорирал заболените клетки. Но кога било забележано присуство на CD47 макрофакот ги преплавувал и уништувал клетките.

Потоа, тимот ги трансплантирал човечките тумори во стапалата на глувците, каде тумурот може лесно да се следи. Кога ги третираале тумурите на глодарите со анти-CD47, туморите се намалиле и не се прошириле кон остатокот од телото.

„Покажавме дека дури и откако тумурот ќе го зафати телото, антителата можат да го излечат или намалат растот на тумурот и да спречат тој да пушти метастази“ вели Ваисмен.

Иако макрофагот ги уништува заболените клетки, тој пад во крвните клетки набрзо бил обновен, односно брзо започнувал процесот на произведување на нови крвни клетки.

Тимот на Ваисмен доби грант од 20 милиони долари од Институтото за Регенеративна Медицина од Калифорнија за да продолжи со истражувањето на луѓе. „Веќе имаме доволно податоци“ вели Ваисмам “па слободно можам да кажам дека сум убеден дека истражувањето може да продолжи и врз луѓе“

Fakulteti.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top