Free songs
Home / алтернативна медицина / Лек: Брзо отстранување на камен и песок во бубрег

Лек: Брзо отстранување на камен и песок во бубрег

Обичното просо е пристапно, едноставно и навистина чудесно средство за лечење на бубрезите. Многумина тврдат дека просото им помага да заборават на проблемите со бубрезите.

bubreg kamenВо народната медицина се користи како природен лек за лечење на уролитијаза ( создавање на камења во уриналниот тракт). Ефикасното ги чисти бубрезите, го елиминира  песокот, го отстранува ситниот камен од бубрезите и бешиката, како и лечи циститис.

Инаку, просото е една од најпознатите житарици кои поседуваат видока хранлива вредност и лековити својства. Ви предлагаме еден навистина чудесен и делотворен рецепт на руската народна медицина за лечење на бубрезите, кој ќе помогне при чистењето.

Рецепт за отстранување на каменот од бубрегот:

Навечер 1 чаша (200 гр) просо измијте го во топла вода.

Сипете го продото во голема тегла (од 3 литри) и прелејте 2/3 тегли со жешка сварена вода. Преклопете и замотајте во нешто топло и оставете да преноќи така. Наутро ќе забележите бела и матна течност во теглата. Тоа е вашиот лек. Сипете ја течноста во друг сад. Пијте во текот на денот без ограничување, во било која количина, кога и да посакате.

kamen_bubreg_lekПросото немојте да го фрлате. Сварете здрава каша и искористете ја за појадок ( 1 чаша просо, 3 чаши вода се варат 15 минути). Навечер подгответе нова порција за утредента, по истата постапка. Овој напиток треба да го пиете 10 – 15 минути.

Резултат: после 10 – 15 дена камењата ќе се растопат и ќе излезат заедно со урината, а бубрезите ќе останат исчистени од песокот и камењата. Елиминирано е воспалението, обновени се ткивата на бубрезите и органите на уринарниот тракт.

Оваа житарица не е скапа, а можете да ја пронајдете во сите продавници за здрава исхрана. Воведувањето на просото во својата исхрана, ќе допринесе за здравјето на вашите бубрези.

Чај за исфрлање на камен во бубрегот

Ситно исечкајте 25 грама корне од целер,магдонос,селен па мешавината потопете ја во литар вода. Поклопете и оставете да стои преку ноќ а утредента сварете нека врие 3 минути. Кога ќе се излади,исцедете и пијте во текот на денот наместо вода. Како што знаете најдобро е да не ставате шеќер. Чајот пијте го три дена а паузирајте еден ден и така по ред.

Чај за кршење на камен во бубрегот

За природно лечење на камен во бубрегот корисен е и чај од дива круша и жалфија. По 4 лажици листови од дива круша и жалфија,значи вкупно 8,прелијте со 3 литри зовриена вода. Кога ќе излади исцедете и пијте во текот на денот без други пијалаци во траење од една недела. За тоа време урината може да ви изгледа потемна и пенлива.

Share Button

One comment

  1. Здраво имам почести проблеми со камења во бубрезите смучено ми е исфрлам и нонстоп имам камења или песок мизерија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Scroll To Top