Free songs
Home / аларм / Лакот за коса предизвикува шеќерна болест?!

Лакот за коса предизвикува шеќерна болест?!

Група хемикалии познати како фталити (phthalates), кои ги има во некои козметички производи можат да предизвикаат дијабетес…

Lak-za-kosu-575x303Хемикалиите се содржани во големи дози во козметичките производи како лак за коса, лак за нокти, сапуни и шампони. Експертите открија дека жените, во чии организам има високо ниво на овие хемикалии, страдаат од дијабетес.

Козметиката придонесува во голема мера за метаболизмот и шеќерот во организмот. Според научниците треба да се направи серија од дополнителни истражувања за да се потврди дејството на хемикалиите кои ги има и во некои лекови, пренесе МИА.

Експертите истражувале 2.350 жени, од кои 217 страдале од дијабетес тип два. Оние кај кои нивото на фталити било високо, биле за два пати позагрозени од развој на дијабетис во споредба со жените со ниско ниво на хемикалии.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top