Home / Болести и лечење / Kрвната слика кај децата – толкување на резултатите

Kрвната слика кај децата – толкување на резултатите

Меѓу лаиците владее мислење дека се работи за “обична крвна слика” која и не е “некоја мудрост”. Ова мислење е сосема погрешно- крвната слика дава многу информации кои се од големо значење за детето, а се и од голема помош за педијатарот.

Newborn baby - heel prick testПравилното толкување на резултатите од лабараторијската анализа е сериозна и одговорна работа! Затоа не е добро самите да ја читате доколку сте нестручни, а и да ја споредувате со други анализи на деца со нормални вредности.  Актуелната болест на детето  (вирусна инфекција на пример) може да ги поремети нормалните вредности, а при тоа не само да не е опасно, туку да е и нормално за дете во таква ситуација.

Како крвната слика помага да се види дали се работи за вирусна или бактериска инфекција?

Таа е корисно помошно средство во разликувањето на вирусните и бактериските инфекции, но не е сигурен и едниствен показател. Само во комбинација со преглед на детето може правилно да се протолкува. Тоа го прави исклучиво лекар, никако мама и тато сами (освен ако се педијатри).

Типично кај вирусните инфекции леукоцитите (белите крвни зрнца) не се зголемени (или бројот им е и намален), а доминираат лимфоцитите во леукоцитарна формула. Кај бактериските инфекции, пак, обично леукоцитите се високи,  а преовладуваат гранулоцити во формулата. Исклучоци има, па така најтешките бактериски инфекции (сепси) можат да бидат со мал број на леукоцити, а некои вируси да дадат висок број на бели крвни зрнца.

Што може да ја “расипе” крвната слика, иако е детето здраво?

Здравото дете има нормална крвна слика!

Нестручно вадење, лош апарат или лоши реагенси можат да дадат лажни вредности, но тоа навистина ретко се случува. Секако, од голема важност е да одберете добра лабараторија која ќе направи анализа. Потрудете се тоа да биде сертификувана лабараторија со повеќегодишно искуство.

Мора ли детето да се носи во лабараторија?

На среќа не мора! Постои патронажна сестра која може тоа ефикасно да го изведе  во домот на детето. Тоа е одличен начин да се намали траумата кај детето, а и да се спречи контакт со други болни деца.

Што е тоа леукоцитарна формула?

Леукоцитарната формула го покажува односот меѓу различните подтипови на бели крвни зрнца. Така лекарот може да се ориентира во поглед на разликувањето на различни инфекции, а може да се видат и некои ретки, но потенцијално опасни хематолошки болести.

Како се зема крв кај бебе?

На бебињата крв за крвна слика им се зема од прстето, поретко од петата (евентуално кај многу мали бебиња). Ако се работи за некои други сериозни болести, се зема крв од вена за детална анализа. Тогаш, едноставно не е доволно само земање крвна слика во процена на состојбата на бебето. Тоа исклучиво треба да го прават искусни сестри кои знаат да ја “погодат” вената кај мали деца, што понекогаш знае да биде посебно тешко, особено кога се децата болни.

http://bebeboom.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top