Free songs
Home / природен лек / Криза на средни години – ако ви се случува ова патите од овој синдром

Криза на средни години – ако ви се случува ова патите од овој синдром

Што значи воопшто фамозната криза на средните години? Оваа животна фаза најчесто е предмет на шеги и на потсмевачки забелешки за тоа дека мажите во овој кризен период купуваат црвен спортски автомобил и “бркаат” драстично помлади жени. Таквиот пристап кон кризата на средните години владееше долго време.

Денеска стручњаците се обидуваат да ја опишат таа животна фаза како преоден период, а не како криза.

Кога се јавува?

zagrizena zamislena zenaКризата на средните години не постои како формална дијагностичка категорија. Исто така, години во кои се влегува во наводната “криза” варираат од човек до човек. Во просек, кризата на средните години може да настапи помеѓу 37 и 50 година од животот. Во голем број причини, повод за кризата може да биде смртта на родителите.

Кризата на средните години може да се јави кај двата пола, но се манифестира на разни начини. Мажите во тој период имаат поголема потреба за докажување, сакаат да се остават впечаток дека успешни и другите да мислат така за нив. Во тој период жените пак се склони се да ставаат на вага и да ги проценуваат односите со другите луѓе, а ова важи и кај “жените од кариера”. Во тој период се обидуваат да се оценат самите како сопруга, мајка или и во двете улоги.

Во секој случај, кризата на средните години е нормална фаза во животот на секој човек. Според угледниот психолог од Универзитетот “Јејл” во САД, животот на секој поединец се состои од повеќе фази и од преоди помеѓу тие животни фази. Во тој контекст на кризата на средните години треба да се гледа само како на уште една во низата од животни промени.

Единствената разлика е што во тој период имаме потреба одново да ги одредиме и добро да размислиме за своите цели и за приоритетите. Повторно ни се враќаат нашите стари сништа и неисполнетите желби како и потребата да ги исполниме на овој или на оној начин.

covek_zagrizenПоради тоа што животот не е едноставен и поради одредените улоги што секој од нас ги носи, таквите потреби (иако не се нужно лоши) знаат да направат дар-мар во секојдневниот живот.

Но големите промени што ги подразбира кризата не средните години може да одат во две насоки – дадат можност за личен развој, но без доволна поддршка од околината, особено од најблиските, може да завршат и со паѓање во депресија.

Затоа луѓето во средни години мора да бидат свесни за симптомите на депресијата за да може на време да побараат помош.

Симптомите на депресијата вклучуваат:
– промени во прехранбените навики
– умор и несоница
– песимистичко настроение, безнадежност
– анксиозност и пречувствителност
– чувство на вина, беспомошност и безвредност
– губење на интересот за работи што некогаш н` исполнувале
– мисли за самоубиство
– состојби и болки како главоболки или рефлукс кои не реагираат на вообичаената лекарска помош

Пресудна помошта од партнерот

zagrizena cudno cuvstvoОбично промените ги забележува партнерот на лицето зафатено од ваквата криза. Ако кај својот партнер забележите дека често е нервозен без причина, дека е лошо расположен и зборува дека е безвреден, можеби се работи за почеток на кризата на средни години. Но ако, а ова посебно важи за мажите, почне пак да бави со некои работи од младоста или почне да се бави со некој екстремен спорт, почне да ја бои косата, да држи диети и да зборува како да е младич, кризата не му гине.

Важно е да се препознаат раните знаци, бидејќи тогаш е поголем просторот за делување. Важно е на партнерот да му покажете колку ви значи и дека ви е привлечен, односно, одново да му влеете самодоверба за да добие чувство на вредност и важност. Пофалете го и за најмалиот успех. Луѓето што имаат многу напорна и одговорна работа главно се и хронично уморни, што е еден од факторите кризата да биде уште посилна. Погрижете се да отидете некаде заедно на опуштен одмор без лаптопи и телефони, а кога мажот ќе ги забележи знаците на ваквата криза кај жената, многу е важно да ~ го влее чувството дека уште е атрактивна и убава и оти за него е секси. Тогаш треба да ја изненади со втор меден месец или со некое убаво патување.

До кризата на средните години главно доаѓа поради стравот од стареење и чувството дека сите важни фази од животот завршиле. Се преиспитуваат своите постапки од минатото и направените грешки од што пак произлегува чувството на неадекватност. Треба да се сфати дека животот не завршува со младоста и дека допрва ќе има многу убави моменти, успех и среќа. Но ако и покрај поддршката од партнерот и сето она што може да ви помогне чувствувате депресија и апатија, не двоумете се и поразговарајте со лекар.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top