Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / Болести и лечење / Коскени шилци – симптоми и лечење

Коскени шилци – симптоми и лечење

СИМПТОМИ:

  • вртоглавица, главоболка, отежнато одржување на рамнотежата
  • остра болка при пренесувањето на тежината на едното или двете стапала
  • вкочанетост или болка во вратот или грбот, боцкање и шилци во вратот, рацете или дланките

bolka-vo-vratotРечиси сите ние некогаш сме се разбудиле со вкочанет врат или со болки во грбот, особено по повреда или напорана телесна активност. Понекогаш може да чувствувате разорна болка што не можете да ја поврзете со ниеден конкретен настан. Таквите тегоби честопати исчезнуваат самите од себе, но некогаш се знак за сериозно заболување, како што е артритисот.

Можна е причина за таквите болки може да бидат шилците, кои се последица на неприродното растење на краевите на коските, особено на ’рбетот или ектремитетите. Коскените шилци може да предизвикаат разорни болки кога ги притискаат нервите или мускулите во текот на вообичаените активности.

ПРИЧИНИТЕЛИ:

Коскените шилци се последица на промените кои со текот на времето се случуваат на краевите на коските кои се составуваат во зглобовите, особено прешлените, од кои е составен ’рбетниот столб. Како што човекот старее, фиброзните перничиња, меѓу ’рбетните плочки или дискови обично се стврднуваат и смалуваат. Во меѓувреме, отпорната, растеглива ’рскавица на краевите станува се’ потврда.

shilets-petaКако што просторот меѓу прешлените станува се’ потесен, коскената маса обично го надополнува губењето со создавање израстоци кои се нарекуваат коскени шилци.

Овие израстоци често се среќаваат кај постарите луѓе кои имаат тегоби со дисковите, но можат да се појават и кај млади возрасни лица-особено спортистите, танчарите или физичките работници- кои ги изложуваат своите мускули, лигаменти и тетиви на невообичаено оптоварување.

За разлика од заоблените краеви на коските во здравите зглобови, на шилците не се создава слој на заштитна ’рскавица. Во некои случаи новите коскени површини конечно се мазнат со природното движење. Но кога тоа нема да се случи, коскенитешилци можат да се тријат од други коскени побршини, нерви или крвни садови, предизвикувајќи болки и воспаление. Кога такви коскени израстоци ќе се појават во горните вратни прешлени, заболувањето се нарекува цервикален остеоартритис. Коскените шилци можат да бидат причина и за ишијас.

Многу непријатна појава е коскен шилец во стапалото што предизвикува болки при стоење и одење

НАРОДЕН ЛЕК ЗА ШИЛЕЦ ВО ПЕТА

Фелка лимон се попрскува со смелено кафе, се залепува на петата секоја вечер и се преспива со оваа облога.

КОНВЕНЦИОНАЛНА МЕДИЦИНА

shilets-vo-petaЛекарот, веројатно, ќе ви препише ацетилсалицилна киселина, ибупрофен или некое друго противвоспалително средство против болки. За да се ограничи движењето и да се намали притисокот на приклештениот нерв, можеби ќе мора да носите ортопедски појас околу вратот или ремени за ’рбетот. Само во потешки случаи е неопходно хируршко отстранување на коскените шилци, но дури и помошта што ја дава операцијата може да биде привремена зашто шилците можат повторно да пораснат.

Доколку шилецот се развие на коските на стапалото кое, инаку, ја носи тежината на телото, лекарот можеби ќе препорача ставање перниче од сунѓерлива гума за вашиот чевел, со дупка, направена точно под шилецот за да го намали притисокот.

ПРЕВЕНЦИЈА:

  • служете се со зглобовите на правилен начин
  • почнете да правите умерени вежби за целото тело како што е одење, возење велосипед, пливање и тенис
  • намалете го вишокот килограми

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top