Free songs
Home / нови лекови / Клетките на ракот може да се уништат пред да стасаат до здравите органи

Клетките на ракот може да се уништат пред да стасаат до здравите органи

Со вшприцување протеин во крвта, би можело да се спречи метастазирањето на болеста и заболување на други органи, веруваат научниците

1-rak-prije-i-nakon-tretmana-sodom-bikarbonom-300x225Вшприцувањето протеин во крвта ги привлекува и ги уништува ќелиите на ракот пред нивното ширење од примарниот тумор во здравите органи и ткива. Ова откритие на научниците од универзитетот “Корнел” е од исклучителна важност, смета екипата која го спроведе експериментот, зашто со оваа метода може да се превенираат дури 90 отсто од смртните исходи предизвикани од рак.

Нивната метода се базира на, како што научниците го нарекуваат, прилепување на протеинот за уништување на клетките на ракот за белите крвни зрнца во крвта. Хируршките зафати и терапијата со зрачење се ефикасни во лекувањето на примарните тумори, но често е многу тешко навреме да се открие секундарниот тумор во другите делови на телото, што значи пред да стане предоцна за негово лекување.

Генска програма

Ова истражување покажа дека клетките на ракот би можеле да се уништат додека патуваат по крвотокот за да се спречи на тој начин метастазирањето на болеста и заболувањето на други органи.

– Околу 90 отсто од сите смртни исходи предизвикани од рак, поврзани се со метастазирањето, но сега откривме нов начин во крвта да се упати “војска” од бели крвни зрнца – убијци, кои ќе предизвикаат апоптоза, односно програмирано уништување на клетките на ракот со активирање на генската програма за нивно самоуништување. Со други зборови, кога ќелиите на ракот ќе дојдат во контакт со протеините, прилепени за белите крвни зрнца, што е речиси неизбежно во крвотокот, доаѓа до нивно самоуништување. На тој начин крвта би се исчистила од лошите клетки и би се спречило ширењето на болеста во здравите ткива – објаснува Мајкл Кинг, професор по биомедицински инженеринг од универзитетот “Корнел”.

Пред хируршки зафат или пред зрачење

Накратко, научниците за протеинот наречен траил, кој ги убива клетките на ракот и другите лепливи протеини, прилепуваат наночестички кои, откако ќе се вшприцуваат во крвта, се прилепуваат за белите крвни зрнца. Тестирањата покажаа дека белите крвни ќелии во крвотокот наидуваат на секоја туморска клетка која се одвоила од примарниот тумор и тргнала да се проширува. Последица од контактот со траил протеините е смрт на туморските клетки, а резултатите од истражувањата покажаа драматичен ефект – успех во убивањето на клетките на ракот во крвотокот бил речиси стоотстотен.

Авторите на истражувањето сметаат дека оваа метода би можела да се користи пред хируршкиот зафат или пред зрачење, но и кај пациентите со многу агресивни тумори за да се спречи нивното ширење. Ќе бидат потребни нови дополнителни истражувања, велат научниците од Корнел, кои сметаат дека новата метода, сепак, е многу ветувачка.

Dnevnik

Share Button

One comment

  1. Vase “novine” citam poslednih dve nedela, zahvaljujuci mojoj prijateljici, i mogu vam reci da nailazim na vrlo zanimljive teme. Zato bih zelela da budem vas redovni citalac, ako imate mogucnosti da ih prosledite na gorenavedenoj adresi.
    Puno pozdrava, Nafije Ljatifi

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top