Free songs
Home / природен лек / Кисела зелка прочистувач на желудникот

Кисела зелка прочистувач на желудникот

Обилните оброци и многуте слатки работи, по празниците му наштетуваат на желудникот и потребно е подолг период за истиот да се опорави. Професор од Виена Хадемар Банкхофер советува, дека по празниците најдобро е да се јаде кисела зелка.

Киселата зелка има доста витамин Ц и желудникот го снабдува со бактерии и млечни киселини. Тие се слични со позитивните заштитни бактерии во желудникот. Нашите бактерии во желудникот кои се иритирани во празничниот ден, со конзумирањето на зелка добиваат поддршка во изградбата на цревната флора, а отровите во организмот полесно се исфрлаат.

Киселата зелка содржи витамин Ц, бактериски млечни киселини, како и витамин Б12 кој го има во мал број на намирници.

Тие се неопходни за црвените крвни зрнца, ментална свежина, за коските, влијаат на расположението и срцевиот мускул. Киселата зелка исто така е богата со витамин Б6, за обработка на протеините и витаминот Б3, кој пак е добар за метаболизмот и мозокот. Киселата зелка е богата и со цинк, кој што го штити имунолошкиот систем.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top