Free songs
Home / нови лекови / Ќе умрам ли за пет години – тест на смртта за најхрабрите

Ќе умрам ли за пет години – тест на смртта за најхрабрите

Финските научници благодарение на биомаркерите кои се наоѓаат во крвта, телесните течности и ткивата можат да предвидат кои здрави личности имаат најголем ризик од смрт.

2-biomarker-testingТаканаречениот тест на смртта ја предвидува веројатноста со која еден здрав човек може да умре од било која медицинска причина во текот на наредните 5 години. Притоа се користат 4 биомаркери од човечкото тело.

-Она што е посебно интересно е фактот што овие биомаркери го одразуваат ризикот од смрт од различни типови на болести како што се болестите на срцето или ракот. Тие се знаци на општа слабост во организмот, објаснува доктор Јоханес Кетунен од Институтот за молекуларна медицина во Финска.

Биомаркерите во суштина се биолошки молекули кои се наоѓаат во телото и можат да укажат на абнормалности во некој телесен процес, некоја состојба или болест. Нивото на секој поединечен маркер укажува на ризикот од некое заболување.

Финските научници го мереле нивото на холестерол со цел да се утврди ризикот од срцев удар. Тие ги анализирале примероците крв од 17 илјади генерално здрави луѓе преку користење на повеќе од 100 различни биомаркери.

Потоа ги следеле овие луѓе во текот на следните 5 години и дошле до интересни резултати.

Во текот на овој период починале 684 луѓе кои имале слични нивоа на 4-те биомаркери, односно на албумин, алфа-1-ацид гликопротеин, цитрат и количеството на разредените липопротеински честички.

Истите се поврзани функциите на црниот дроб и бубрезите, воспаленијата и инфекциите, енергијата на метаболизмот и васкуларното здравје.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top