Free songs
Home / аларм / Како реагира бебето во утробата кога мајката пуши

Како реагира бебето во утробата кога мајката пуши

Кадрите од 4D ултразвукот, детално прикажуваат што се случува со нероденото дете во утробата на мајката пушач. Тие кадри настанале во рамките на истражувањето на универзитетот “Durham”, кое следело 20 идни мајки, од кои 4 пушеле во просек по 14 цигари на денfetus-majka-pusac-01 fetus-majka-pusac-02

Идните мајки биле подложени на ултразвук во 24., 28., 32., и 36. недела од бременоста. Може да се забележи дека фетусите на мајките кои пушат, многу почесто го допираат лицето, отколку фетусите на мајките кои не пушат, пишува Daily mail.

Др. Наџа Реисланд објаснува дека фетусите помалку ги движат усните и сè помалку го допираат лицето во доцните недели од бременоста. Ова истражување укажува на тоа дека фетусите на мајките кои пушат, имаат задоцнет развој на централниот нервен систем.

За тоа да се потврди дефинитивно, потребно е поопширно истражување, но и ова е доволно за идните мајки да ги остават цигарите.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top