Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / природен лек / Јадете сардини сѐ почесто и ќе живеето долго и без болести

Јадете сардини сѐ почесто и ќе живеето долго и без болести

1.Сардините се богати со омега-3 масни киселини кои се значајни за правилно функционирање на мозокот и ја подобруваат меморијата. Покрај тоа Омега-3 масните киселини кои ги содржат сардините помагаат при намалување на воспаленијата, а особено се корисни за луѓе кои страдаат од артритис.

2. Сардините исто така се богати со калциум и витамин Д, кои земаат учество во зацврстувањето на коските.

3. Овие риби содржат коензим Q10 (CoQ10), кој претставува моќен антиоксиданс. Коензимот Q10 ја подобрува физичката енергија и го штити здравјето на кардиоваскуларниот систем. Коензимот Q10 е корисен кај луѓе со хипертензија (висок крвен притисок) и срцеви аномалии.

4. Значаен е фактот што сардините во висока доза содржат триптофан – есенцијална аминокиселина, која е неопходна за правилна работа на организмот.

5. Високата содржина на протеини од сардините го намалуваат чувството за глад, а малата количина на јагленихидрати помага да се одржи стабилно нивото на шеќер во крвта.

Од ова можеме да заклучиме дека сардините не само што претставуваат храна која најчесто ја користиме кога сме во брзање, туку претставува доста корисна храна за здравјето.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top