Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / аларм / Јадел по 40 лажичи шеќер на ден – Еве што му се случило!

Јадел по 40 лажичи шеќер на ден – Еве што му се случило!

Секој ден внесувал по 40 лажички шеќер, малку повеќе од она што го внесува просечниот тинејџер. За споредба, максимална дневна препорачана доза на шеќер е девет лажички за мажи и шест за жени.

Дејмон е австралиски актер и режисер 60 дена се хранел со „здрава“ храна со низок удел на масти, а голем удел на шеќери. Резултатите се повеќе од шокантни.

sekjer-otrov-300x300За само три недели Гамеу почнал да се чувствува ужасно, да биде летаргичен и многу нервозен. На лекарскиот преглед му е утврдено најлошото – дијагностициран му е замастен црн дроб.

– Не пиев газирани пијалаци, нуту сум јадел чоколади, сладолед или бонбони. Целиот шеќер кој го внесував е од т.н. здрава храна, нискокалоричен јогурт, мусли, овошни сокови, спортски напитоци. Сите оние работи што родителите им ги даваат на децата мислејќи дека се корисни, вели Гамеу, кој сето тоа го сними во документарецот „Тој шеќерен филм“.

Десет години по документарецот на Морган Спарлок со наслов „Суперголемиот јас“(Super Size Me) каде беше разоткриена т.н. здрава храна од Мекдоналдс, документарниот филм „Тој шеќерен филм“ би трабало уште еднаш да го разниша светот на храната.

Дејмон доби десет сантиметри сало околу половината, а неговата ментална функција беше опишана како „нестабилна“. Исто така открил дека никако не можел да се најаде.

За доручек јадел нискокалоричен јогурт, житарки и сок од јаболко. Тоа е 20 лажички шеќер.

„Не велам дека луѓето треба да престанат да јадат шеќер, само треба да бидат свесни. Шеќерот е во 80% од преработената храна. Ако го отстранат, тоа би бил првиот чекор кон  промена“ – вели Дејмон.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top