Home / природен лек / Јаболков оцет лек за 101 болест

Јаболков оцет лек за 101 болест

Постарите го знаат како најголем непријател на дебелината, но јаболковиот оцет всушност има и антибактериско дејство, ги убива бактериите, габичките и другите микроорганизми, а помага и во борба против вирусите.

jabolkov-ocet1Се користи кај настинки, грип, воспаление на грлото, синуси, инфекции на мочни канали, простата, бешика, инфекции на кожа, зголемен крвен притисок, импотенција, стерилитет, дебелина, чиреви, гастритис, воспаление на црева, проливи, главоболки, вртоглавици, реума, воспаление на зглобови, изгореници и др. Ја подига општата отпорност, умствената и физичката способност.

Јаболковиот оцет е богат со минерали, витамини и други супстанци. Содржи витамин Ц, витамините Е, А, П, Б1, Б2 и Б6. Меѓу позначајните минерали и витамини што ги има во јаболковиот оцет е и пектинот, кој ја помага здравата исхрана.

Конзумирањето јаболков оцет за губење на тежината е практика за која се смета дека почнала уште во стариот Египет. Оцетот помагал да се прочисти црниот дроб, го забрзувал метаболзмот, ги согорувал калориите и го намалувал апетитот.

Во последните години може да се забележи индустриско производство на јаболков оцет, но неоспорно е дека домашно произведениот јаболков оцет има предност пред индустрискиот.

Јаболковиот оцет најпрвин е храна која има лековито својство и дава посебен квалитет на секојдневната исхрана. Може да се користи како зачин во салати и додаток на јадења или едноставно да се става во чаша со млака вода и мед и да се пие.

jabolkov-ocet2

Може и да се става на стапче со памук за да се чистат некои делови од телото. Јаболковиот оцет е одличен антисептик и често се користи за чистење на кожата. Во вакви случаи се користи разблажен со вода, зависно од намената и возраста.Јаболковиот оцет најдобро е да се зема по една лажица, со две лажички мед, измежшани во чаша со млака вода.

Но, тоа не е сè. Јаболковиот оцет има и други здравствени предности.

Крвен притисок

Потасиумот во јаболковиот оцет, заедно со другите состојки, ја разредува крвта и помага да се контролира крвниот притисок.

Холестерол

Влакната во јаболковиот оцет помагаат да се апсорбира холестеролот и да се исфрли од телото како отпаден материјал.

Дијабетес

Диеталните влакна во јаболковиот оцет ја помагаат и контролата на гликозата во крвта.

Артритис

Артритисот обично го предизвикува складирањето на метаболичкиот токсичен отпад во ткивата. Јаболковиот оцет помага да се забрза метаболизмот и да се исфрлат отровите.

Цврсти коски

Минералите како магнезиум, калциум, манган, силикон и железо ја развиваат коскената маса и ги прават коските поцврсти.

Габни инфекции

Јаболковиот оцет е корисен за третирање на габни инфекции како кандида, што ја предизвикува дисбалансот на базноста и киселоста во телото. Раствор од јаболков оцет и млака вода веднаш ги ублажува симптомите.

Настинки и грипови

Јаболковиот оцет третира блокира дишни патишта при настинка и грип. Тегобите можат значително да се намалат ако на градите се нанесе јаболков оцет и црн бибер. За болно грло, помага гаргара со раствор од јаболков оцет и вода.

Дигестија

Јаболковиот оцет има способност да спречи труење со храна. Ја олеснува констипацијата и ја запира дијареата.

За крај, ви препорачуваме неколку успешни рецепти кои се покажале како многу успешни при одредени пореметувања и заболувања.

Против хроничен замор

Во шоља мед се ставаат три лажички јаболков оцет. Смесата се става во тегла и се земаат по две лажички секоја вечер пред спиење.

Друг начин е да една лажичка јаболков оцет се стави во чаша вода и да се пие за време на ручекот.

Против главоболка

Да се испие чаша вода со две лажички мед и две лажички јаболков оцет.

Против изгоретини

На изгоретините се нанесува разреден јаболков оцет неколку пати во текот на денот. Јаболковиот оцет ќе ја спречи појавата на пликови и ќе ја намали болката.

За намалување на крвниот притисок

Три пати дневно да се пие чаша вода со една лажичка јаболков оцет.

За испирање на грлото

Во чаша вода да се додаде една лажичка јаболков оцет и со овој раствор да се испира грлото секој два часа.

Против воспаление и болки во синусите

Неколку пати во денот да се испие чаша вода со една лажичка јаболков оцет.

Против ревматски болки во зглобовите

На болните места во текот на ноќта се става памучна ткаенина натопена со јаболков оцет, а врз неа се става волнена ткаенина.

Со секој оброк се пие чаша вода со две лажички јаболков оцет.

Против екцем

Заболените места се мачкаат со јаболков оцет четири пати во текот на денот и три пати во текот на ноќта. Набрзо екцемот и јадежот ќе се изгубат.

За слабеење

Секое утро на празен желудник да се испие чаша вода со една лажичка јаболков оцет или со секој оброк да се испие чаша вода со две лажички оцет. Терапијата трае два месеци. Јаболковиот оцет го забрзува согорувањето на наталоженото масно ткиво.

Против проширени вени

Секое утро и вечер да се истрие кожата над проширените вени со чист јаболков оцет и два пати дневно да се испие чаша вода со две лажички јаболков оцет. Оваа терапија трае месец дена.

За чиста кожа

Еден дел јаболков оцет да се помеша со осум дела вода и со таа течност три пати дневно да се прска лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top