Free songs
Home / аларм / Ја знаете ли разликата помеѓу грип и настинка – еве како да знаете од што сте болни

Ја знаете ли разликата помеѓу грип и настинка – еве како да знаете од што сте болни

Епидемиолошките истражувања кои се спроведуваат многу години, покажаа дека грипот се појавува околу Нова година, па поради тоа вакцинацијата се врши во октомври, за да може да се развие имунолошкиот систем и да се подготви за одговор кај можната инфекција од грипот.

influenza_virusВо медицинската пракса, особено во примарната здравствена заштита , се чини дека во зимските месеци многу често секоја настинка се гледа како грип, па луѓето панично одат на лекар и со тоа ја шират настинката и кај други луѓе. Затоа, неопходно е да се знаат основните разлики меѓу симптоми на акутена настинка и грип.

И грипот и настинката се вирусни респираторни заболувања па поради тоа не може да се излекуваат со антибиотици бидејќи тие се корисни само против бактериски инфекции. Двете болести се пренесува преку говор, кивање, кашлање и исфрлање на микроорганизми кои лесно се пренесуваат на друго лице. И грипот и настинката се јавуваат за време на зима или на почеток на пролетта. Нема докази дека грипот и настинките се сезонски појави, а единствено објаснување за нивно појавување е дека во тој период луѓето почесто се собираат во во затворен простор.

Еве ги симптомите на грип и настинка

Симптоми Настинка Грип
Покачена температура Ретко Nајчесто 38 -40C
Главоболка Ретко Изразена главоболка
Болка по телото Минимална Вообичаено силна болка
Замор, слабост Мал замор Може да потрае 2-3 недели
Затнат нос Вообичаено Понекогаш
Кивање Вообичаено Ретко
Кашлање Сува кашлица Силна кашлица со компликации

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top