Free songs
Home / природен лек / Излезете надвор: Пролетното сонце го зајакнува имунитетот

Излезете надвор: Пролетното сонце го зајакнува имунитетот

Долгите пролетни денови и сонцето му годат на нашиот организам, но некои други промени како што е цветањето на дрвјата и тревата, им создаваат проблем на алергичните луѓе. Докторите советуваат дека сончевата светлина делува многу позитивно на имунитетот и го зајакнуваат.

sonce5Иако календарски пролетта започна на 21 март, тоа не значи дека веднаш треба а ги соблечеме капутите и јакните, туку како што  советуваат медицинските лица тоа треба да се прави постепено у умерено. Тие потенцираат дека треба да се облекуваме во склад со температурата и со времето. Бидејќи иако сончевите зраци може да ве излажат да се расоблечете сепак треба да бидете внимантелни  бидејќи овој преден период е поволен за настинки.

Со цел да го зајакнете имунитетот во овие денови е да го збогатите менито со квалитетно и разновидно овошје и зеленчук.

– Од мрсната зимска храна, сармите, гравот, подварокот треба да прејдеме на свежи салати, чорби и сезонско овошје. Често сме гладни бидејќи зеленчукот за разлика од тешката храна не е толку богато со енергија. Затоа понекогаш е корисно да јадеме и по пет пати на ден – советува српската докторка Нада Мацура.

 Пролетта е годишно време во кое има најмногу временски промени, и не само што се менуваат сонцето и дождот, температурите над и по просекот, туку има колебање и во воздушниот притисок што ги загрозува хроничните болни.

За пролетниот замор многу се зборува и многумина го чувствуваат.

– Пролетниот замор постои бидејќи од зимата во која слабо сме се движеле влегуваме во подолги денови кога поминуваме повеќе време надвор. Не треба да се бега од тоа и во текот на денот треба да се прилегне и одмори ако има потреба за тоа – вели докторката Мацура.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top