Free songs
Home / сведоштва / Исповед на Оливер Драгоевиќ за ракот: Водам борба, но ќе се борам до последниот здив

Исповед на Оливер Драгоевиќ за ракот: Водам борба, но ќе се борам до последниот здив

После дијагностицирањето на карциномот, Оливер Драгоевиќ ги откажа настапите на концертот во Франкфурт, но колегите негови ги отпеаа песните како знак на поддршка за пејачот.

– Не можев да одам на лекување во Германија, докторите не ми дадоа. Ми рекоа дека тоа може да влијае на моето здравје и дека сметаат најдобро е да се лекувам во Хрватска, рекол пејачот.

Пејачот ги слуша советите од докторите, а оптимистилкиот дух му дава сила да успее во борбата против болеста

– Како некој на кого му е дијагностицирано дека поледува од карцином, се чуствувам супер. Верувајте ми што ви го кажувам ова, бидејќи мислам дека ако успеам да се излекувам тоа е зошто имам позитивни мисли, се останатото ме води во тотален амбис, рекол пејачот.

Поддршката од семејството не изостанува во овие тешки моменти.

– Деновите ги минувам дома така што свирам и пеам.Знаете, наутро станувам, ја земам гитарата и почнувам да свирам и така по цел ден. Не ми е тешко, гледам на тоа како една врста на релаксација, откри пејачот

– Сметам дека музиката најдобро ме лекува од болеста. До душа, мене музиката ми е живот. Гледам дека ќе бидам посветен на музиката до кога ќе живеам, бидејќи сум осуден на тоа, рекол Оливер и додал дека ќе се бори до последниот момент.

– Како секој болен, така и јас ја водам борбата. Ова се оние најважни борби во кој мора некој да изгура и како победник. Многу сум позитивен бидејќи така може се да се победи, поинаку би одело тешко, рекол пејачот и објаснил дека болеста не е ништо страшно.

– Тоа е еден дел од животот со кој се носиш или престанеш. Гледајте, ја не сакам да престанам и ќе се борам до последниот атом на силата, порачал Драгоевиќ.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top