Free songs
Home / природен лек / Инчуните – лек од морето – спречува мозочен удар, рак на кожата, белите дробови, простата

Инчуните – лек од морето – спречува мозочен удар, рак на кожата, белите дробови, простата

Оваа мала сина риба е многу здрава и се користи во медитеранската исхрана. Тренд во современите инвентивни кујни е употребата на филетите од инчуни

Ова ситна сина риба има многу сродници низ светските мориња и океани. Постојат 144 вида инчуни. Слични се на сарделата и растат до 16 сантиметри должина. Се ловат масовно во јата. Оваа риба се храни со планктоните од морето, а самата е жртва на многу морски предатори.

270-6Инчуните се богати со речиси сите хранливи материи потребни за процесите во човековиот организам и веројатно затоа толку се користат во исхраната.

Посебна приказна е нивната лековитост. Бидејќи нутриционистите препорачуваат барем двапати неделно да се јаде риба, инчуните се одлично решение. Ги има во изобилство, евтини се и во варијантата солени филети може да збогатат голем број други јадења и да придонесат во нивната нутритивна вредност.
Инчуните се и извор на омега 3-масните киселини. Нивната најважна улога е тоа што придонесуваат за надминување на процесите на воспаленија во организмот, како и при процесите на згрутчување на крвта.

Бидејќи се богати со калциум, магнезиум и фосфор, инчуните се важни за одржувањето на здравјето на коските, а селенот помага за одржувањето на здравиот кардиоваскуларен систем и за спречување мозочни удари. Поволно дејствуваат и против ракот на кожата, на белите дробови, простатата и на желудникот.

Со консумирањето инчуни, и воопшто риба, се подобрува концентрацијата кај децата, како и паметењето.
Свежите инчуни обично ги има преку целата година, со таа разлика што во некои месеци се многу повкусни, особено од март до август и во ноември. Се користат истиот ден кога се уловени, но исчистени можете да ги чувате во фрижидер 24 часа.

Голем интерес има за солените инчуни во филети, конзервирани во масло. Тие се одлично предјадење со маслинки и уште подобар додаток во многу познати салати.

Свежите инчуни треба да се исчистат убаво и да се маринираат со сок од лимон или оцет како подготовка за натамошен третман. Ако така ги подготвите, можете да ги послужите по неколку дена, ако ги чувате во фрижидер. Со зачини и додатоци и така маринирани може да бидат одлично предјадење.

Свежите инчуни може да се печат на скара, да се варат, да се пржат во брашно. Може да се комбинираат и да се пржат со лук, да се полеат со магдонос, а се согласуваат одлично со маслиново масло во секоја варијанта. Одлично одат и со црн пипер. Од инчуните се прават и бродети, а со голем број сосови тие се благороден додаток на јадењата. Мачканици од инчуни со мајонез оцет, сенф, маслинки, се своевиден деликатес, особено со добро бело вино.

Инчуните се и незаменлив додаток во сосовите за тестенини, а се употребуваат и при приготвување пици со морски шмек.

Nova Makedonija

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top