Free songs
Home / Болести и лечење / Имате ладни раце? – Веднаш одете на лекар, затоа што може да ја имате оваа болест

Имате ладни раце? – Веднаш одете на лекар, затоа што може да ја имате оваа болест

Рејнова болест прави некои делови на телото, особено прстите на нозете и рацете да ви се вкочанат и да побелат како последица од студ или стрес. Кај оваа болест малите артерии се згрчуваат и спречуваат стабилно снабдување со крв во овие делови.

race-dlanki-300x201Кај жените е почеста, а се поврзува и со луѓе во ладните краишта. За многумина оваа болест не е озбилна, но може да влијае на квалитетот на животот.

Симптомите се ладни раце или прсти. Промена на бојата на кожата под влијание на студ и стрес.

Кај оваа болест, обично прво побелуваат прстите, а потоа и помодруваат во внатрешноста. Како што се враќа циркулацијата на крвта во нормала овие делови на телото се вцрвенуваат, отекуваат и премногу болат. Рејновата болест, исто така може да се почувствува и на нос, уши, па дури и на брадавиците.

Потребни ви се 15 минути затоплување за да се вратите во нормала. Доколку за ова време состојбата не се подобри, веднаш посетете лекар.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top