Free songs
Home / сведоштва / Има 123 години никогаш не бил болен, џвака кока, пие само вода (Видео)

Има 123 години никогаш не бил болен, џвака кока, пие само вода (Видео)

Доколку официјалните податоци од боливиските матични книги се точни, Кармело Флорес Лаура е најстариот човек во историјата затоа што, според неговиот извод од книгата на родените, тој пред во јули го прославил својот 123-ти роденден. Директорот на Канцеларијата за внатрешни работи на Боливија, Евгенио Кондори на новинарите им ја покажал крштеницата на Кармело, на која што пишува дека тој е роден на 16 јули 1890 година. Врз основа на тој документ, тој е запишан и во матичната книга на родени.

najstar covekКармело живее во колиба со покрив од слаба и со земјен под во зафрленото селско подрачје Фресквил, во близина на езерото Титикака, неписмен е, нема ниту еден заб, но затоа тој се движи цврсто, без помош на бастун и не носи очила. Го говори јазикот на домородците Ајмар.

“До неодамна гледав одлично, но во последно време малку почна погледот да ми се заматува”, изјавил Кармело пред новинарската екипа на Associated Press, која што дошла да го сними.

Во текот на целото интервју тој во устата имал листови кока, стимуланс кој, како што признал и самиот, како и сите припадници на неговиот народ, го џвака откако знае за себе.

 

Bolivia Worlds Oldest Man 6Кармело изјавил дека долгиот живот му го должи на фактот што е постојано во движење затоа што чува крави и овци на свеж и чист воздух, а пие исклучиво вода и тоа од потокот кој поминува покрај неговата куќа, а доаѓа од падините на Илампуа, една од највисоките планини во Боливија.

Алкохол не пиел никогаш, јаде овчо месо, не свинско, затоа што во неговиот крај не ни има такво месо. Претходно тој ловел и јадел лисици, меѓутоа сега повеќе не може да го прави тоа.

Никогаш не бил болен, а неговата жена умрела пред повеќе од десет години, иако била доста помлада од него. Од тројцата синови, жив е само најмладиот Сесилио, кој има 67 години.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top