Free songs
Home / сведоштва / Хрват признава: Кршам закон но успешно го лекувам синот со марихуана – нека ме уапсат, само да е здрав

Хрват признава: Кршам закон но успешно го лекувам синот со марихуана – нека ме уапсат, само да е здрав

Давор е татко на детето кое од раѓање боледува од целебрална парализа, поради што цела десна страна му е парализирана. Обидувајќи се да му помогне на својот син, Давор по низата терапии кои давале лоши резултати, се одлучил да направи нешто незаконско, но како што тврди, ефикасно против болеста на неговото дете.

0492007.73„Кога имаше четири години, слушнавме дека некои родители користат масло од канабис од Австрија и од Холандија кои даваат резултати. Долгорочно се чини како скапа алтернатива, со ризичните патувања преку границите, по што се одлучив да засадам самиот канабис. Се разбирам во агрономија, па не ми беше се толку непознато“, изјавил Давор.
Така почнал да го произведува, далеку од очите на јавноста, на 900 метри надморска височина, затоа што канабисот мора да биде незагаден.

За смолата која ја направил од листови, тврди дена нема THC. Веќе три години го масира својот син и вели дека резултатите се повеќе од видливи.
„Му ја масирав раката секој ден два месеци, па паузиравме еден месец да видиме дали се се одвива добро, па за еден месец повторно. И се така. По три години се исправи, па дури тргна и на терпаии. Докторите се изненадија, затоа што немаа добра прогноза, но не знаеја за што се работи. По два до три месеци раката од целосно затворена положба, почна да се отвора. А по година дена дури и почна да ја помрднува“, вели Давор.

marihuanaДетето денеска може да стои исправено, нешто што претходно беше сон на неговите родители.
Давор зборува за тоа како семето канабис го набавил од Шпанија и со месеци се посветил на билките кои биле доста барани. Тој го открива и рецептот за кремата која му помогнала на неговиот син. Растопената смола на марихуана ја помешал со маслиново масло.
„Се направив на сличен начин на кој се прави и медот. Прополисот е маст која пчелата го симнува од билките. Логиката ми говореше дека и канабисот треба да се растопи затоа што билката е масна.

Така што смолата ја одвоив со медицински алкохол. Ми беше страв само да не експлодира и на почетокот ја загревав три часа на минимална температура, но сега ми се потребни 45 минути. Се разбира најважно е да се подготвува на отворено, затоа што во затворен простор може да експлодира. Смолата која ја добив е иста како и прополисот“, објаснува Давор.

marihuana3Давор е убеден дека маслото од „трева“ би му помогнало на неговиот син и дека класичната терапија кај лекарите нема врска со тоа. Како што вели претходно неговото дете го мачкал со медицинско масло, но без никаков ефект. Кога почнал да го мачка со масло од марихуана, вкоченетиот мускул почнал да попушта. Тој направил и крема за момчето 100 милилитри маслиново масло кое го помешал со 30 мл смола.

Сега размислува за тоа да на синот му ја даде смолата орално, но најпрво сака да ги испита ефектите од истото. Вели дека преходно тоа го направил со масло и си крема, пред да почне да го мачка момчето.
Со ваквото масло се решиле габичните заболувања и исто така и раните се отстрануваат лесно.

marihuana_list_625_21072010„Бев во тешка депресија Не спиев со денови и ноќи. Жена ми беше во очајна состојба. Прво се помири со тоа што се случува, но и понатака остана болката. Направив Битерс на канабис со малку ТНС и тоа беше мојот антидепресив. Не треба да испиете цело шише се разбира, туку една до две чаши пред спиење“, вели Давор.

Сепак тој е противник на пушењето на марихуаната бидејќи вели дека причината зошто ова корисно растение има лоша репутација е поради неговата злоупотреба.

Сепак хрватската полиција вели дека лечењето со марихуана не е законско оправдување за нејзино одгледување и дека секој кој се занимава со тоа ризикува да заврши во затвор.

marihuana2„Никогаш не ми беше страв. Свесен сум што правев, не сум глуп. Нема играње со оваа работа. Правиш лек за сопствено дете, кое тие е најважно на светот, а тој лек е забранет и треба да бидеш внимателен. Јас не пушам трева. Мораш секогаш да бидеш присебен. Меѓу другото противник сум на конзумација на канабисот и пушење заради забава“, вели Давор.

Инаку пред неколку дена чешкиот парламент го одобри законот кој допушта тераписка употреба на канабисот за ублажување на некои тешки болести. Со одлуката е предвидено дека со марихуаната препишана на рецепт може да се лечат заболените од рак, Паркинсонова болест, мултип склероза и псоријаза.
На почетокот марихуана ќе се увезува од Израел и Холандија, а се планира и со издавање на дозвола на домашшни претприемачи за одгледување на истата.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top