Free songs
Home / аларм / Гумени чизми, лекови, конзервирана храна, свеќи-Што им е потребно на погодените во поплавите?

Гумени чизми, лекови, конзервирана храна, свеќи-Што им е потребно на погодените во поплавите?

Доколку не сте сигурни што да донирате а што би им помогнало најмногу во овие тешки моменти на погодените места од невремето, ве информираме дека најмногу потреба имаат од лекови, средства за хигиена гумени чизми.

Исто така потребна е запакувана или конзервирана храна, свеќи, светилки-батерии.poplava policija 4

Се апелира меѓу другото да се донираат и сапуни, средство „дезинтал“, тоалетна хартија, хигиенски влошки, пелени за бебиња, средства за чистење, антибактериски марамици и гел за суво миење на рацете, лекови за смирување, притисок и стомачен вирус како и алкохол (75 проценти), јод, стерилни завои и гази, гумени медицински ракавици, ножици.

Бидејќи водат во поплавените подрачја не е за пиење во овие моменти, добро е да се донира и вода за пиење, а добро ќе им дојдат и обувки и облека.

Како што соопштивме пред малку, неофицијалните пунктови се затворени, а се што сакате да донирате може да однесете во во магацините на Црвен крст во Момин Поток и во училиштето Наум Наумовски Борче.

За ова денеска соопштија од Црвениот крст, дополнувајќи дека од таму активистите на Црвен крст со камиони ќе ги дистрибуираат директно до оние граѓани на кои најмногу им е потребна помош.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top