Free songs
Home / нови лекови / Фластер кој може да ви го спаси животот

Фластер кој може да ви го спаси животот

Британски научници создале нов „чудесен фластер“, кој свети кога ќе детектира инфекција.

Овој фластер е произведен со цел навреме да се откријат синдроми на токсичен шок, кој може да има фатални последици кај малите деца со изгореници.

flaster novФластерот свети под УВ светлина кога ќе детектира инфекција под раната и на тој начин го предупредува медицинскиот персонал за присуство на болест.

Фластерот дејствува на тој начин што ослободува боја од нанокапсули, кои го активираат присуството на бактерии кои предизвикуваат некоја болест.

Синдромот на токсичен шок може да биде многу ненадеен и сосема обична рана да ја претвори во нешто евентуално фатално за само неколку часа.

Оваа состојба е многу честа во врска со жените кои користат тампони, но може да се предизвика и со убод од инсекти или со некое друго оштетување на кожата, кои им овозможуваат на бактериите да влезат во крвотокот.

Доколку присуството на бактерија кај пациентот се открие на време, може да се лекува со антибиотици. Но доколку се открие доцна, или не се лекува, тогаш комбинацијата од шок и оштетени органи може да доведе до смрт

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top