Home / природен лек / Еве за што се добри семките од сончогледот – Полни витамин Е, Омега3, Селен

Еве за што се добри семките од сончогледот – Полни витамин Е, Омега3, Селен

Семките од сончогледот се многу здрави за целиот организам. Тие содржат многу хранливи и корисни состојки. Сончогледови семки се богати со омега-3 масни кисeлини, кои помагаат да се зачува влажноста на кожата и го спречуваат нејзиното сушење, ја зголемуваат нејзината елaстичност и цврстина.

soncogled-zdr-bil-05Омега – 3 масните киселини од сончогледот ја подобруваат текстурата на кожата и го спречуваат појавувањето на пигментациите на кожата и ги ублажуваат брчките. Едно истражување покажало дека кожата на луѓето, кои во текот на 6 недели јаделе дневно само 2 грама семки од сончоглед, значително се подобрила, исчезнале лузните од акните и другите кожни проблеми (флеки и други разни кожни иритации). Кожата им станала поеластична, помека, посјајна и помлада.

Покрај големата количина на омега-3 масни киселини, во семките на сончогледот има и големо количество на витамин Е и селен, кои исто така се важни за здрава и убава кожа.

За чистење на лицето, како некој вид пилинг, се користи брашно од сончогледови семки, помешано со вода. Се нанесува на лицето и на деколтето.

Сончогледот дејствува против воспаленија, ги ублажува болките, ги штити срцето и крвните садови.

Покрај останатите супстанции, сончогледот содржи и инулин, кој дејствува против болките во грлото, засипнатоста, бронхитот, воспалението на белите дробови и другите инфекции на бронхиите и белите дробови. Тинктура од сончоглед растворена во вода се користи за плакнење на устата при воспаление на грлото и крајниците. Лековито е и плакнењето со течност во која се варени листови од сончоглед.

Маслото од сончоглед е едно од оние кои најмногу се употребуваат. Тоа е здраво бидејќи содржи голема концентрација на повеќекратно заситени масни киселини, кои се важни за здравјето на крвните садови. Покрај тоа, помага и за намалувањето на нивото на холестеролот во крвта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top