Free songs
Home / природен лек / Еве за што помагаат само 5 сливи на ден – за шеќер, срце, очи, желудник ….

Еве за што помагаат само 5 сливи на ден – за шеќер, срце, очи, желудник ….

Познати се како природен мултивитамин, но многумина од нас немаат навика да ги јадат редовно.

Сепак, толку се здрави што можеби ќе го промените мислењето кога ќе прочитате што само пет сливи дневно можат да направат за вашиот организам.

slivi1Една слива содржи 84% вода, 0,6% протеини, 10% јаглехидрати, 2,1 грама влакна.Покрај тоа, имаат ниско ниво на маснотии и калории, а висок процент на витамини А, Ц и Е, калциум, магнезиум и калиум.

Каков ефект на организмот има ова моќно овошје ако конзумирате пет сливи дневно?

1. Го намалува нивото на шеќер во крвта

Сливите се поврзуваат со нискиот гликемиски индекс што значи дека можат да ви помогнат да го контролирате нивото на шеќер во крвта и да го намалите ризиот од тип 2 дијабетес.

2. Ја подобрува меморијата

Ако јадете пет сливи дневно, ќе му помогнете на вашиот организам да се ослободи од негативното дејство на слободните радикали кои лошо влијат на нашето помнење и меморија.

3. Го штити срцето

Една свежа слива во просек содржи 113 мг калиум. Овој минерал помага при контролата на високот крвен притисок, а со тоа го намалува ризикот од мозочен удар.

sliva4. Го подобрува и го штити целиот дигестивен систем

Сувите сливи се одличен начин да го забрзате варењето. Еден од начините да ги јадете во текот на целата година е да ги потопите сувите сливи во свежо зовриена вода, да ги оладите и замрзнете.

5. Ги зајакнува коските

Истражувачите од универзитетот Флорида и Оклахома 12 месеци тестирале две групи на жени во постменопауза. Една група јадела 100 грама суви сливи дневно (околу 10 сливи), а друга јадела 100 грама сушени јаболки. Двете групи конзумирале калциум и видамин Д како додаток. Резултатите покажаа дека групата која јадела суви сливи имала многу поголема густина на коските во половината и подлактицата.

6. Го подобрува здравјето на очите

Сливите се многу важни за здравјето на очите. Фитонутритиентите кои се наоѓаат во сливите може да го намалат ризикот од настанување на макуларна дегенерација или жолти флеки, заболување кое ги погодува главно старите луѓе.

Share Button

One comment

  1. Crnata sliva ima najpovejke Vitamin E koj e mnogu biten za plodot kaj zenata.Togash bi trebalo shto povejke da gi jadat ovie slivi za da nedojde do abortus .Crnata sliva ima i prekrasno laksativno dejstvo kaj site koi se so mrzlivi creva.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top