Free songs
Home / алтернативна медицина / Еве што треба да јадете на 20, 40.. 60 години

Еве што треба да јадете на 20, 40.. 60 години

Правилна исхрана е основа за здрав начин на живот, при што треба да ги земете во предвид и годините, тврдат научниците од Универзитетот во Калифорнија. Нашето тело се менува со времето, потребите на организмот се поинакви, и она што го јадете со 30 години, не би требало да го консумирате и во пеесетите, препорачуваат американските експерти.

jadenjeОд 20 до 30 години

Јадете многу млечни производи, бидејќи коските сеуште ви растат, а алкохолот би требало во целост да го избегнувате, поради лошото влијание на здравјето на ноктите, косата и кожата. Строги диети во овој период никако не се пожелни.

Од 30 до 40 години

Почнувате да чувствувате недостиг на енергија и умор, поради што стимулансите како кафето, би требало да ги замените со суво овошје, особено кајсии и јаболка, како и интегрални житарки. Избегнувајте шеќер и нездрави маснотии, за да ја задржите телесната тежина во границите на нормалата.

Од 40 до 50 години

Се појавуваат првите знаци на анемија, поради што експертите препорачуваат квалитетно црвено месо, овошје и зелен зеленчук. Заобиколете ги слатките бидејќи во овие години калориите потешко се трошат, па лесно може да додадете вишок килограми,

Од 50 до 60 години

Во овој период паѓа имунитетот, затоа би требало да внесувате повеќе пробиотици и да пиете многу вода за да не дехидрирате. Јадете што повеќе зеленчук и риба, додека сувомеснатите производи би требало да ги исфрлите од вашето мени.

По 70 години

Исхраната би требало да биде базирана на овошје, зеленчук, пилешко, риба, но не заборавајте ни да внесуват многу течности, особено вода.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top