Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / аларм / Еве што се случува со нашето тело кога ќе престанеме да пиеме кафе

Еве што се случува со нашето тело кога ќе престанеме да пиеме кафе

Во телото ќе се случи повеќе промени кога ќе се одлучите да го отстраните кофеинот од исхраната, а ние ви презентираме седум од нив:
Ќе бидете уморни (но само за некое време!)
kafe3-300x240Подгответе се себе си дека ќе се чувствувате лошо но само првите 7-10 дена, како резултат на скратување на кофеинот на организмот на кој тој навикнал. Може да чувствувате замор, главоболки и силни промени во расположението. Според тоа, би било добро на луѓето околу вас да им кажете дека се откажувате од кофеин, со цел да имаат повеќе разбирање за вашето расположение.

Ќе ослабете
Често не сме ни свесни колку калории внесуваме кога пиеме пијалаци кои содржат кофеин. Тоа не се однесува на кофеинот, се разбира, туку шеќерот кој се додава на пијалоци кои содржат ваков стимулант, како што се газираните пијалоци, и некои видови на кафе од кафичите кои се преполни калорични слатки состојки.
Или ќе се здебелите
Кофеинот привремено го потиснува апетитот што е причината зошто ние ќе се чувствуваме повеќе гладни кога ќе прекинеме да го пиеме. Затоа, најдобар избор е да пиете обично црно кафе без шеќер.
Подобро ќе спиете и ќе имате повеќе енергија
Сонот може да ви биде нарушен и од кофеинпт кој сте го внеле во телото шест часа пред спиење. Ќе се разбудите уморни и ќе ви треба повеќе кофеин, па маѓепсаниот круг продолжува. Затоа, луѓето кои воопшто не конзумираат кофеин имаат подлабок и поздрав сон дури и од оние кои конзумираат многу малку кофеин. Како вашето тело се навикнува да функционира без кофеин многу е веројатно дека ќе чувствувате замор, но ќе имате повеќе енергија отколку кога сте пиеле кофеин.

Ќе бидете посмирени
Кофеинот е стимуланс кој го стимулира нервниот систем и ослободува адреналин кој нè прави понервозни и се повеќе подложни на стрес. Покрај тоа, ги стеснува крвните артерии, со што се зголемува крвниот притисок.
Работата на дигестивниот систем ќе биде подобра
Познато е дека кофеинот во кафето го стимулира варењето на храната, но поради неговата висока киселост кафето често може да предизвика и дијареа. Со елиминирањето на кофеинот ќе се спречат итните посети на тоалет.
Во организмот ќе имате помалку антиоксиданси
Кафето е еден од главните извори на антиоксиданси, основните елементи за работата на целиот организам, како и зелениот чај кој е еден од најголемите извори на антиоксиданси, па ако се одлучите да се откажете од кафе, и да ги намалите количините на чај кои ги внесувате, почнете да јадате повеќе овошје и зеленчук.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top