Home / аларм / Еве како шеќерот го уништува светот во кои живееме

Еве како шеќерот го уништува светот во кои живееме

Најновото истражување на швајцарската банка Кредит Суис ја открива улогата на шеќерот и засладувачите во актуелните здравствени прашања за шеќерните болести и потенцијалните закани по нашето здравје, и како начинот на живот и прехрана кој влијае на нашиот живот во целина.

secer-smrtРезултатот од прекумерната конзумација на шеќерот е видлива на милион луѓе низ целиот свет, но од Кредит Суис направиле одлична работа прикажувајќи колку ваквиот проблем излегол надвор од контрола. Околу 400 милиони луѓе во целиот свет боледуваат од шеќерни болести од нов вид, а од шеќерните болести умираат речиси 4,8 милиони луѓе. Светската здраствена органицзација за овој проблем троши преку 470 милијарди долари, што е преку десет проценти од вкупните светски здраствени трошоци.

До 2020 година бројот на заболени би можел да достигне и до 500 милиони, а на лечење и сузбивање на болестите се троши и до 700 милијарди долари. Конзумацијата на шеќерот почнала да се менува во 70-те и 80-те години на минатиот век, кога била порасната загриженоста од срцевите билести. Од таа причина во храната почнала да се додаваат големи количини на шеќер за да истата има подобар вкус. Речеиси сите производи кои што можеме да ги најдеме на полиците низ продавниците и маркетите се зашеќерени.

Кој троши најмногу на шеќерот?

Пресметано е дека просечен човек дневно во својот организам конзумира 17 чајни лажици шеќер отприлика 45% повеќе отколку пред 30 години. Американските здруженија кои се грижат за здравјето на срцето, препорачуваат девет лажички дневно да се конзумира шеќер за мажите и шест за жените. Она што загрижува е тоа што водечки потрошувач на шеќерот е всушност САД со 40 чајни лажички шеќер по човек на дневна база.

energetskipijalok-300x203Од таа причина на 35% на американските деца им се заканува, а 10 % боледуваат од шеќерни болести од друг тип. Зад САД не заостануваат многу ниту Бразил, Аргентина, Мексико и Австралија, со 35 до 38 чајни лажички шеќер дневно.

Засладените пијалоци се најголем проблем Околу 43% шеќер во нашата исхрана доаѓа до засладените пијалоци со кои е поврзана шеќерната болест од втор тип. Една лименка сок содржи околу осум чајни лажички шеќер, што е преку 90% од дозволената дневна база за просечен маж. Во последно време многумина вложуваат на решавање на ваквиот светски проблем, но ваквата акција не допира еднакво до сите.

Многу зависи од местото не живеење, степенот на образование, приходите и слично. Кредит Суис предложува воведување на големи даноци, па од тој фонд да се финансираат медицинските средства за борба против шеќерните болести и прекумерната конзумација на шеќерот, а тврдат како светските влади повеќе не можат да го игнорираат социоекономските појави од модерната доба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top